ФОТО: Филип ПЕЧЕВСКИ
Триесетина млади Македонци кои работат или студираат во Брисел денес на пладне и се придружија на Шарената револуција од плоштадот кој се наоѓа на неколку метри од Европската комисија и Советот на министрите на Европската унија.
Денеска во Брисел се одржува Совет на министрите за надворешни работи и тоа беше основната причина протестот да се одржи денес. Од бриселскиот протест до министрите беа испратени пораки со ЕУ со познатиот слоган „Нема правда, нема мир„.
Минувачите застануваа и прашуваа зошто се одржува овој протест, а учесниците им ја објаснуваа ситауцијата во Македонија и нивната желба земјата да стане демократска и праведна. Протестот доби на подарок балони од продавачот во една книжара. Тој праша зошто учесниците купуваат многу балони и откако го доби објаснувањето, продавачот со големо задоволство подари повеќе балони велејќи дека му причинува задоволство со мал придонес да и помогне на Шарената револуција:
„Денес ретко кој протестира, никој не крева глас и затоа сакам да го дадам мојот скромен придонес бидејќи се борите за многу важни работи„, рече тој подарувајќи ги балоните.
На овие демонстранти им се придружи и Ерван Фуере, поранешниот амбасадор и специјален пратеник на ЕУ во Македонија. Тој пред неколку дена протестираше и во Скопје.