Со транспаренти и патриотски песни, Тврдокорните и Македонските обединети сили денеска се на протест пред Собранието на Република Македонија, против Законот за јазиците.
Над 500 луѓе се потпишале на петицијата против новиот закон и против промената на името.
Организаторите сметаат дека со двојазичноста се губел македонскиот карактер на државата, и се губела самата држава.
Споре нив необјасниво е албанскиот јазик да биде службен јазик во Гевгелија, Валандово, Струмица, Кочани, Штип, Радовиш, Берово, Крива Паланка, а замеруваат и за тоа што власта која ветуваше дебати за се, сега ја суспендирала демократијата туркајќи го законот со европско знаменце.