Група македонски граѓани – иселеници во Канада вчера се собраа на протест за состојбите во Македонија пред македонскиот конзулат во Торонто.

kanada1

Со пораките испратени од собирот беше побарано прочистување на избирачкиот список, избалансирано известување од националната МРТВ и другите медиуми со национална концесија. kanada2

Демонстрантите на мирниот собир изразија поддршка за СЈО, со барање за формирање специјален суд кој што ќе обезбеди правично судење за сите обвинети.

kanada3

 

 

Дел од демонстрантите велат дека пријатно изненадување било тоа што меѓу присутните имаше и многу членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ.

kanada6

На протестот присуствувале луѓе од неколку градови во провинцијата Онтарио, како  и од американскиот град Детроит.

kanada7