Стотици граѓани во моментот се пред Специјалното јавно обвинителство од каде започна деветтиот протест за поддршка на СЈО и против одлуката на Иванов за аболиција. Демонстрантите носат црвени знамиња и знамето на Р. Македонија и во моментот се скандира „Нема правда нема мир“ и Никола на робија“ , јавува репортерката на НОВА Славица Филиповска.
Од минута во минута се повеќе демонстранти доаѓаат пред зградата на СЈО, а од тука е најавено дека ќе продолжат кон Собранието. Дали протестот ќе за заврши пред Собранието и дали ќе продолжат и на други локации засега никој од присутните не кажува. Протести вечерва се одржуваат и во Прилеп, Штип, Струмица, Охрид, Кавадарци и во други градови низ државата.