Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Протестот заврши мирно

0
By Нова ТВ on April 16, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, April 16, 2016 22:29

Петти ден по ред граѓаните масовно излегуваат на протест по одлуката на претседателот за колективна аболиција на 56 лица, меѓу кои високи функционери од власта. Тие бараат оставка од претседателот и целокупната власт, како и одговорност за криминалите без никаква амнестија. Според демонстрантите неопходно е формирање на експертска влада и одложување на изборите се додека не се создадат услови тие да бидат фер и регуларни.

-Јасно е дека сме гневни, јасно е дека сме на вистинската страна на историјата и тука треба да останеме. Вакви големи криминали, историјата покажала дека не остануваат незабележани, така што треба да останеме до нашето и да се оди до крај, вели демонстрант.

Протестот започна пред Специјалното обвинителство каде што повторно граѓаните изразија поддршка на обвинителите, а оттаму колоната продолжи пред Собрание. Оттаму, откако повторно беше бојадисана Триумфалната порта, колоната демонстранти продолжи кон Владата, а потоа и кон штабот на ВМРО-ДПМНЕ. Протестот беше дозволен пред сите објекти, но не и пред штабот на ВМРО-ДПМНЕ. Таму засилен кордон од специјалци не дозволуваше да се продолжи до зградата, по што демонстрантите околу 22 часот се разотидоа. Вечерва се протестираше и во Струмица и во Битола.

аболиција власт протестирам
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026

Европската интеграција во маѓепсан круг: Реториката на Мицкоски и цената на изгубеното време

October 17, 2026

Бред Пит од Бит-пазар

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026

Европската интеграција во маѓепсан круг: Реториката на Мицкоски и цената на изгубеното време

October 17, 2026

Бред Пит од Бит-пазар

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.