Шведскиот парламент денеска ја избра лидерката на Социјалдемократската партија и актуелна министерка за финансии, Магдалена Андерсон за прва жена премиер на земјата, откако таа постигна договор во последен момент кој и обезбеди клучна поддршка.
Андерсон ќе го наследи актуелниот премиер Стефан Ловен по поддршката што ја доби од 117 пратеници во парламентот, 57 беа воздржани и 174 гласаа против.
Според шведскиот систем, на кандидатот за премиер не му треба поддршка од мнозинството во парламентот, туку само против него да нема мнозинство. Шведскиот Устав вели дека премиерите можат да управуваат се додека парламентарното мнозинство, минимум 175 пратеници, не е против нив.