Првите седум контејнери со чист Линдан, од кои секој од нив тежок по 22-26 тони, вчера попладне излегоа од ОХИС и тргнаа на пат кон Солунското пристаниште од каде ќе заминат за Франција. Со ова започна транспортот на опасниот отпад од депонијата на поранешниот индустриски гигант ОХИС.

Линданот беше ископан и складиран со посебни мерки за безбедност согласно меѓународната регулатива за прекуграничен транспорт на опасен отпад по Базелска Конвенција.

Во наредниот период уште 20 контејнери ќе бидат товарени и транспортирани од државата. (Р.Н.)