Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Прво коло на „МојДДВ #МојаНаграда“: На сметки на 15 лица по 100.000 денари

0
By Нова ТВ on January 5, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Најсреќните 15 граѓани кои од 15 до 31 декември лани скенираа фискални сметки, синоќа добија по 100.000 денари на јавно извлекување на телевизија „Канал 5“, соопшти Министерството за финансии. Во првото коло на наградната игра „МојДДВ #МојаНаграда“ учествуваа 132.261 граѓанин, кои скенирале вкупно 5.398.855 сметки. Ова беше прво од 12 месечни извлекувања на 15 награди од 100.000 денари, со електронски генератор по случаен избор.

Шест од наградените се скопјани, по две „стотки“ завршија во Штип и во Велес и по една во Кавадарци, во Кочани, во Битола, во Вевчани и во Крива Паланка. Листата со добитници ќе биде објавена во рок од три дена од извлекувањето на интернет страницата на Државна лотарија.

По почетокот на „МојДДВ #МојаНаграда“ во декември се зголеми бројот на скенирани сметки и наплатениот ДДВ во однос на претходниот месечен просек од јули до ноември. Така на пример во декември бројот на скенирани сметки е за 53 отсто повисок во однос претходниот месечен просек, додека наплатениот ДДВ од фискалните сметки е за 59 отсто повисок.

Најмногу сметки на дневно ниво биле скенирани на 31 декември или 559.417 сметки. Тоа е двојно повеќе од просечното дневно скенирање на сметки, сметано од 1 јули. Ден пред новогодишната ноќ бил направен промет од 311.715.569  милиони денари или над пет милиони евра, за кој бил наплатен ДДВ во износ над 530.000 евра. Само за скенираните сметки на ден пред Новата година, граѓаните ќе добијат поврат на ДДВ од 15 проценти во износ од 80.000 евра.

Граѓаните кои учествуваат во наградната игра „МојДДВ #Моја награда“ не само што имаат можност да добијат една од 3.852 парични награди, со вкупен фонд од половина милион евра, туку и секои три месеци добиваат поврат на ДДВ и што е најважно, придонесуваат во борбата против сивата економија, истакнуваат од Министерството за финансии.

„МојДДВ #МојаНаграда“ ДДВ добитници Извлекување Финансии
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.