Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Психолошко советувалиште „Орце“

0
By Zoran Ivanov on April 9, 2026 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, April 9, 2026 16:03

Навредите на Ѓорѓиевски кон советникот во однос на неговата „психичка состојба“ наидоа на воодушевување кај неговите гласачи вмровци. Демек, браво градоначалник, така треба! Дали навистина така треба? Дали Ѓорѓиевски е градоначалник на сите скопјани или само на приврзаниците на неговата партија?

Анета Стојковска

Што научивме од првиот човек на Скопје, кој на локалните избори истрча со слоганот „прво човек, а потоа градоначалник“? Дека не е раководител на душевна институција, но дека има средно медицинско, па ако треба може да ни извади крв. Научивме дека е познавач на психичката состојба на советниците, па знае каде да ги прати доколку имаат проблем со својата состојба – на некој планински масив.

Старите велат – дај му на човек пет минути власт, па ќе видиш каков е. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски во изминатите пет месеци откако е на функција покажа дека сака да работи, но покажа и толку голема ароганција кон сите оние што не мислат како него, што многу често ги минува границите на елементарна политичка култура.

Што научивме од првиот човек на Скопје, кој на локалните избори истрча со слоганот „прво човек, а потоа градоначалник“? Дека не е раководител на душевна институција, но дека има средно медицинско, па ако треба може да ни извади крв. Научивме дека е познавач на психичката состојба на советниците, па знае каде да ги прати доколку имаат проблем со својата состојба – на некој планински масив.

Научивме и дека е подготвен да одговара на советнички прашања, но оние од опозицијата да внимаваат што прашуваат. И како прашуваат – без повишен глас и со стокмени, убави прашања. Нѐ увери и дека знае сѐ и дека и на прашањата упатени кон директорите на јавните градски претпријатија, тој најдобро умее да одговори. Саше, Драги и другите директори нека си седат и понатаму во последните редови, а ако советниците сакаат да ги запознаат, доволно е да им пријдат, никој не им го брани тоа.

Градоначалникот покажа и што мисли за советниците од Левица, дека се најголемото зло што му се случило на градот во изминатите десет години, дека во четири месеци наназад освен паушалите што ги земаат немаат ништо друго направено за овој град, дека прават „рилсови“ и чекаат да се случи нешто негативно за да коментираат и инсинуираат. Ги нарече најголемо бандитско здружение во Град Скопје и ги стави во трошок „бандитите“ да принтаат маици со соодветниот слоган.

Деновиве по седницата за советнички прашања по социјалните мрежи се вртат „рилсови“ од неговата кавга со советникот од СДСМ, Горан Симоновски. Навредите на Ѓорѓиевски кон советникот во однос на неговата „психичка состојба“ наидоа на воодушевување кај неговите гласачи вмровци. Демек, браво градоначалник, така треба!

Дали навистина така треба? Дали Ѓорѓиевски е градоначалник на сите скопјани или само на приврзаниците на неговата партија? Дали навредите од говорницата и омаловажувањето на советниците од опозиционите партии е вистинскиот начин на комуникација на човекот што треба да е репрезент на градот? Дали на Ѓорѓиевски му е битно што мислат оние граѓани што не го гласале на изборите? Или тие се неважни оти не му ја обезбедиле градската фотелја?

Четирите претходни години ексградоначалничката Данела Арсовска, на ретките седници на кои присуствуваше, користеше ваков вокабулар во своите обраќања кон советниците на ВМРО-ДПМНЕ. Нејзините настапи беа полни со навреди и понижувања. Советниците ѝ возвраќаа со иста мера, а резултатот беше блокиран град и ниту една конструктивна седница на Советот.

Од Орце очекувавме повисоко ниво на политичка култура, барем тој ветуваше дека ќе биде поинаков. Дека човекот во него ќе биде над неговата ароганција и дека нема да мисли дека Градот почнува и завршува со неговиот мандат.

Нему му е и полесно од Данела, неговите сопартијци се мнозинство во советот и сите предлози „мазно“ поминуваат. Тогаш, зошто е потребно вакво однесување кон неистомислениците на седниците на Советот?

Ѓорѓиевски ветуваше добра соработка со сите советници (а таа не би требало да вклучува навреди). Најавуваше дека ќе биде целосно транспарентен и за сите одлуки јавноста навреме ќе биде известена. Во изминативе неколку месеци одржа само еден брифинг со новинарите. Сето друго е „пиар“ по социјалните мрежи, кажано онака како што градоначалникот сака да го каже и за проекти со кои тој сака да се пофали.

За оние што уште не дошле на ред за фалба, граѓаните нека си видат сами. На пример, дека се урнати остатоците од култното „Езерце“ и сега таму има вртелешка. Не дозволувал градоначалникот среде парк да има ресторан за свадби и венчавки. Само не разбра јавноста дали одлуката ја донел лично Ѓорѓиевски или некој друг го аминувал уривањето.

Граѓаните не дознаа ниту до каде стигна чистењето на „Вардариште“ кое градоначалникот ќе го претвора во парк, ниту како Петре Шилегов е виновен што стационарот на „Лајка“ бил дивоградба, кога всушност станува збор за истиот објект на поранешниот стационар „Вардариште“ отворен уште во 2007 година, само обновен подоцна.

Градоначалнику, скопјани гледаат и слушаат – време е да се „спушти топката“.

Текстот е сопственост на Слободен печат.мк

анета стојковска колумна
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.