Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Птичји грип или обид да се фрли сенка врз политичката криза?

0
By Менче Атанасова Точи on February 3, 2017 КОЛУМНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Се појави птичјиот грип. И тоа сред неуспешни преговори за формирање на нова Влада. А, токму вечерта откако не успеа „бракот“меѓу двата доскорешни коалициони партнери во власта, се прашував што ли ќе се случи  утредента за да се сврти вниманието на јавноста од случувањата. Каква епидемија ќе има? Утрината речиси бев  сигурна дека ќе се појави некој нов случај на листерија или пак, бидејќи грипот почна да се намалува, си реков  дека министерот Тодоров ќе ја преземе работата во свои раце, ќе смисли нешто, кога стигна соопштение од Агенцијата за храна и ветеринарство.

Во него со црвени букви, многу невообичаено беше нагласено дека истиот ден, понеделник во 13 и 30 часот директорот ќе одржи прес конференција. Да,со големи букви во најавата, со црвени букви во поканата за настан. Ете, тоа е тоа, си реков.  Ќе има нешто. И навистина соопштија дека во струшкото село Мороишта е откриен птичји грип, болест која е многу заразна за живината, но не се пренесува и не е опасна за луѓето.

Добро, но самиот назив „птичји грип“ успеа да го сврти вниманието без разлика што не е тој опасниот од кој умреа илјадници луѓе во Кина и низ светот, пред неколку години. Тоа беше и намерата.  И замислете првиот случај кај живината бил откриен на 27 јануари, а Агенцијата за тоа не известува дури на 30 јануари. Ја чувале информацијата и дури по три дена не известија  со назнака, „алармантно“ „задолжително“, „итно“, кој како ќе го разбере дека треба да дојдат сите медиуми на прес конференцијата во Агенцијата за храна.

Што се чекало цели три дена? Зошто веднаш во петокот не ја соопштија информацијата? И така приказната ја враќаме на почеток. На неуспешните преговори за формирање на нова Влада и намерата сето тоа да се стави во сенка со птичјиот грип.

Добар дел од луѓето веќе ја научија лекцијата. Имаше многу случаи кога се сакало да се одвлече вниманието на јавноста кон нешто и секогаш тоа се правеше преку Министерството за здравство. Да не го заборавиме и случајот со починатиот Британец кој го третираа како да има ебола, а 23 луѓе во еден хотел беа држени во карантин. Брука пред македонската и светската јавност.

Веќе таквите спинови не успеваат. Долго време ги користат бесрамно, се истрошија. Но не само тие што ги даваат инструкциите, ќе ги запаметиме и вработените во здравството што овозможија ваквите манипулации да направат потреси и паника во јавноста. Истите тие што ќе ја направеа драмата, потоа ни советуваа да не се крева паника, тие ќе останат обележани засекогаш.

Туку, до каде сме со чистењето на снегот? Што прават општините, ќе се разбудат ли од зимскиот сон? Граѓаните се испотепаа од паѓање по неисчистените улици.

Болниците се преполни, лекарите не можат да пристигнат да ги оперираат сите. Пациенти со скршен колк се враќаат дома да чекаат да им дојде ред  за операција. Само во Градската болница „8 Септември“ дневно  се примаат од три до пет пациенти. Во сите три трауматолошки одделенија во Скопје се оперира со полна пареа. Ситуацијата дополнително се комплицира со затварањето на операционите сали на Клиниката за ортопедија.

Сите улици освен главните се неисчистени, со замрзнати толпи од снег. Не се сеќавам досега ниту една година улиците толку долго време да останале неисчистени. Според Законот  за јавна чистота, чистењето на снегот и мразот во зимски услови го прави јавното претпријатие за комунални услуги, основано од општините. И според истиот тој закон општините се должни во рок од шест часа по паѓањето од снегот да ги исчистат улиците. Билансот  од неодговорноста се стотици луѓе кои завршиле со скршен колк, рака или нога и тоа само во Скопје.  Лекарите велат дека во Битола се прават и по пет операции на ден. Ситуацијата со снегот е иста во цела држава. А, граѓаните паѓаат, се оперираат, страдаат и молчат, наместо да ги тужат општините.

Така е кога никој не се секира за здравјето и безбедноста на граѓаните. Тие се во фокусот, но само кога треба да се тргне вниманието од политиката, кога треба да бидат цел за манипулација. Како со птичјиот грип деновиве, на пример.

 

 

 

 

преговори птичји грип
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.