Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пучдемон повика на голема про-независност коалиција за изборите

1
By Светлана Јовановска on November 4, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Карлес Пучдемон од Белгија денес преку Твитер ги повика на единство сите про-независност партии во Каталонија и побара да се обединат за изборите на 21 декември.

“Дојде мигот за обединување на сите демократи. За Каталонија, за слобода на политичките затвореници и Републиката”, напиша тој на каталонски јазик.

Пучдемон, разрешениот каталонски претседател, вчера даде екслузивно интервју на белгискиот јавен сервис РТБФ каде што изјави дека ќе биде кандидат на овие избори, распишани од Мадрид. Шпанската влада го разреши Пучдемон и неговата влада и презеде контрола врз најбогатиот шпански регион откако на 27 октомври каталонскиот Парламент прогласи независност.

Во својот твит Пучдемонт дава линк кон петиција која бара креирање на “унитарна листа” на партиите што се залагаат за независност и која досега има околу 20.000 потписи.

Топката е во рацете на белгиската правда

Пучдемон и четворица негови министри се обвинети од шпанското обвинителство за “бунт, непослушност и финансиски малверзации” а вчера шпански суд издаде европски налог за апсење на Пучдемонт и министрите што се со него во Брисел.

Завчера осум други министри беа уапсени во Мадрид со истите обвиненија. Девети министер кој даде оставка пред прогласувањето независност, беше обвинет но ослободен со кауција.

Пучдемонт е член на Демократската европска каталонска партија (ПДеКАТ). Оваа партија е на власт во Каталонија долги години. Оваа партија и Републиканската левица на Каталонија (ЕРК) се обединети во коалицијата “Заедно за да” и се на власт од 2015 година.

Несогласувањата помеѓу коалиционите партнери зајакнаа во последните месеци па сега, според анкетите, ЕРК има поголем рејтинг од партијата на Пучдемонт.

Партиите имаат време во 7 ноември за да се изјаснат дали ќе прават коалиција.

Палата на правдата, Брисел

Во меѓувреме, белгиското судство треба да се изјасни како ќе одговори на шпанскиот налог за апсење на Пучдемонт.

Белгискиот министер за правда Кун Геенс изјави дека белгиската извршна власт не игра никаква улога во процедурата за апсење и се се одвива преку контакти на правосудните органи.

За Ројтерс, федералниот обвинител изјави дека налогот за апсење ќе биде разгледан а потоа предаде на истражен судија денес или утре.

Пучдемонт: Шпанската правда е варварска

Во интервјуто на РТБФ, кое траеше речиси половина час, Пучдемонт изјави дека не бега од правдата и сака да се појави “пред вистинско судство (белгиско) а не пред шпанската правда” која тој ја опиша како “политизирана” и “исклучително варварска”.

Интервју за белгиската РТБФ

Истовремено Пучдемонт испрати повик за “дијалог” којшто според него е “единственото решение” да се излезе од ќорсокакот.

“Потребна е политика, а тоа Рахој не го прави никогаш”, изјави Каталонецот обвинувајќи го шпанскиот премиер Мариано Рахој за маневри поради кои денес се во затвор осуммина каталонски министри.

“Тој ги злоупотреби обвинителот, полицијата, фирмите… Не е нормално ние да ризикуваме 30 години затвор затоа што постапувавме според мандат даден од гласачите”, рече тој.

Пучдемонт беше избран на слободни избори пред две години и тврди дека во последните години барал дијалог и преговори со Мадрид не секогаш одговорот бил негативен.

Каталонците продолжуваат со протести. За среда е закажан генерален штрајк а за 12 ноември голем протест како поддршка на разрешената влада. Истиот ден ќе има протест за поддршка и во Брисел.

Анкетите покажуваат дека се зголемува поддршката за независност на Каталонија кај гласачите.

Барселона еввропски налог за апсење Карлес Пучдемонт Каталонија Мариано Рахој протести РТБФ судство Шпанија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.