При тоа, со телесни повреди се здобил Ф.М.(46) од истото село, на кој му е укажана помош во гостиварската општа болница „Ферид Мурад“.

Вчера (2 септември) во 12 часот и 20 минути во СВР Тетово е пријавено дека во гостиварско Ѓурѓевиште, С.И.(23) од с.Ѓурѓевиште, од возило во движење пукал од пиштол кон луѓе кои се враќале од погреб. При тоа, со телесни повреди се здобил Ф.М.(46) од истото село, на кој му е укажана помош во гостиварската општа болница „Ферид Мурад“.

Извршен е увид од екипа на Одделението за внатрешни работи Гостивар, пронајдени и подигнати за вештачење се две  чаури и еден проектил. Се преземаат мерки за  расчистување на случајот.