Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Путин и Макрон телефонски за Украина и Блискиот Исток

0
By Zoran Ivanov on July 1, 2025 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Рускиот претседател Владимир Путин денеска телефонски разговарал со својот француски колега Емануел Макрон за војната во Украина, како и за ситуацијата на Блискиот Исток во контекст на иранско-израелскиот конфликт и американските напади врз иранските објекти, соопшти Кремљ.

Како што е наведено, Путин во разговорот рекол дека украинскиот конфликт е директна последица на политиките на западните земји.

Украинскиот конфликт е директна последица на политиката на западните земји, кои со години ги игнорираа безбедносните интереси на Русија, создадоа антируско упориште во Украина и го толерираа кршењето на правата на рускојазичните граѓани, рекол Путин, според Кремљ.

Путин оценил дека решението во Украина треба да биде сеопфатно, да ги отстрани коренските причини и да се базира на реалноста на теренот.

Западните земји водат политика на продолжување на воените операции, хранејќи го режимот во Кијив со разни современи оружја, нагласи, рускиот лидер, пренесуваат агенциите повикуваќи се на соопштение од Москва.

Наводно Путин и Макрон ја истакнале важноста од почитување на правото на Иран на мирна нуклеарна енергија и исполнување на неговите обврски според Договорот за неширење, вклучително и соработката со Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ).

Според руската страна, претседателите на Русија и Франција се обврзале да ја решаваат кризата околу Иран и другите конфликти во регионот преку дипломатија.

Тие, наводно, се согласиле да продолжат со контактите за можна координација на ставовите за решавање на проблемите на Блискиот Исток.

Во разговорот особено била нагласена одговорноста на Русија и нса Франција како постојани членки на Советот за безбедност на ОН во зачувувањето на мирот и безбедноста.

Изворот на содржината на разговорот е Кремљ.

Макрон Путин телефон
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.