Published: Thursday, December 4, 2025 18:00
Рускиот претседател Владимир Путин денеска слета во Индија, започнувајќи ја дводневната посета обележана со интензивни дипломатски активности и фокус на зајакнување на билатералните односи.
Со премиерот Нарендра Моди, Путин ќе разговара за низа клучни теми од економската соработка до геополитичките предизвици.
Централен настан на посетата е годишниот руско-индиски самит, традиционален форум за дијалог што се одржува наизменично во Москва и Њу Делхи.




