Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Путин најави самостојна кандидатура за претседател и го бранеше Трамп

0
By Нова ТВ on December 14, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска на традиционалната годишна прес-конференција одговараше на прашања на повеќе од 1.600 акредитирани новинари, а едно од прашањата беше и зошто се кандидира за претседател.

Путин истакна дека „митот за личната власт во Русија е преувеличен“ затоа што се занемарува фактот дека и Владата врши голема работа. Тој истакна дека на претстојните претседателски избори ќе биде самостоен кандидат, но дека очекува поддршка од партијата и од јавните организации.

Партијата Единствена Русија веќе соопшти дека ќе ја поддржи кандидатурата на Путин.

Тој додаде дека засега нема одредено кој ќе раководи со неговата предизборна кампања, но рече дека има предизборна програма.

Реизборот на Путин на изборите во март 2018. година  и неговиот четврти мандат се смета за сигурен, според анкетите на јавното мислење тој може да смета на поддршката од 27 проценти од гласачите. Најважниот ривал на Путин, опозиционерот Андреј Навални не смее да се кандидира на изборите поради тоа што е осудуван.

Путин ги обвини политичките противници на американскиот претседател Доналд Трамп за „измислување“ руско вмешување во американската претседателска изборна кампања. Контактите со изборниот тим на Трамп биле рутински, во рамките на „вообичаената пракса“.

-Сето тоа се измислици од луѓе кои сакаат да ја делегимитираат работата на Трамп, рече тој. Според него, владата на Трамп има постигнато сигнификантни успеси, но постојат луѓе кои го спречуваат претседателот да ги подобри односите со Русија. Сепак, билатералните односи било кога и да е, повторно ќе се нормализираат, Русија и САД мора конечно да престанат да се борат меѓусебно како животни, истакна Путин. Тој во повеќе наврати демантира руско влијание во американската изборна кампања, додека во САД е во тек специјална истрага за илегални врски на тимот на Трамп со руски претставници.

Осврнувајќи се на дел од меѓународните актуелни жаришта и теми, Путин ги предупреди САД од последиците од евентуален напад врз Северна Кореја и се заложи за натамошна доградба на стратешкото партнерство со Кина.

2017 прес конференција Путин
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.