Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Путин раководеше со нуклеарни вежби по одложувањето на средбата со Трамп – седел сам на бел и тркалезен стол, пред огромни екрани

0
By Zoran Ivanov on October 22, 2025 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, October 22, 2025 21:13

Претседателот Владимир Путин бил повран со началникот на Генералштабот и со министерот за одбрана бидејќи тие тројца би ја имале клучната улога при евентуално нуклеарно лансирање во случај на конфликт.

Рускиот претседател Владимир Путин денеска раководеше со вежби на стратешките нуклеарни сили на земјата кои вклучуваа пробни ракетни лансирања — маневри што се одржаа во момент кога неговиот планиран самит за Украина со американскиот претседател Доналд Трамп беше одложен, објави „Асошиејтед прес“.

Според Кремљ, во рамки на маневрите што ги вклучија сите делови на руската „нуклеарна тријада“, од базата Плесецк во северозападна Русија беше лансирана интерконтинентална балистичка ракета „Јарс“, а од подморница во Баренцовото Море беше истрелана ракета „Синева“. Вежбите вклучуваа и стратешки бомбардери Ту-95 кои лансираа крстосувачки ракети со долг дострел.

Кремљ соопшти дека вежбата ги тестирала способностите на воените командни структури.

Началникот на Генералштабот, генерал Валериј Герасимов, му соопштил на Путин преку видеоврска дека вежбите се наменети за „увежбување на процедурите за одобрување употреба на нуклеарно оружје“.

Путин, кој седел сам на бел тркалезен стол, бил поврзан со големи екрани на кои се гледале Герасимов и министерот за одбрана Андреј Белоусов — тројцата би биле вклучени во процесот на евентуално нуклеарно лансирање во случај на конфликт.

Иако Путин нагласил дека маневрите биле планирани однапред, тие се одржале само неколку часа откако Трамп изјави дека неговата идеја за брз состанок со Путин во Будимпешта е ставена „на пауза“ затоа што „не сака да троши време залудно“.

Одлуката за одложување на состанокот во Унгарија — кој Трамп го најави минатата недела — била донесена по телефонски разговор меѓу државниот секретар на САД, Марко Рубио, и рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.

Лавров изјавил дека Русија е против итен прекин на огнот во Украина. Трамп, пак, во текот на годината ја менувал својата позиција околу клучните прашања во конфликтот — вклучително и редоследот меѓу прекин на огнот и мировни преговори, како и дали Украина може да ги врати териториите што ги окупирала Русија во речиси четиригодишните борби.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска нагласи дека планираниот самит Путин-Трамп мора внимателно да се подготви.

„Никој не сака да губи време — ниту претседателот Трамп, ниту претседателот Путин. Тоа се двајца лидери навикнати да работат ефикасно и продуктивно, но ефективноста секогаш бара добра подготовка,“ рекол Песков.

 

вежби нуклеарни Путин
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.