Рускиот претседател, Владимир Путин, коментирајќи ја одлуката на Трамп за излез на САД од Парискиот договор изјави дека Трамп тоа можеби и не морал да го стори.
„Нема да му судам на Трамп. Можеби не морал тоа да го стори, бидејќи станува збор за рамковен договор. Но, што е речено, речено е и сега треба да видиме што понатаму. Не сум го прочитал соопштението на Трамп, но колку што сфаќам, тој рече дека сака повторно да го разгледа тој договор. Мислам дека не треба да се крева врева, туку да се создадат услови за работа“, изјави Путин.
Тој рече дека договорот уште не стапи на сила и тоа треба да се случи во 2021 година.
„Така да имаме време да се договориме“, заклучи Путин и додаде: “Don`t worry, be happy”.
Наведувајќи дека се работи за документ во кој тема се климатските промени, еден од клучните проблеми на денешнината, Путин на шега рече дека во Москва падна снег, во Петерсург дожд и е ладно и дека се тоа може да му се припише на Доналд Трамп и „американскиот империјализам“.
„Но тоа нема да го сториме“, додаде тој.
Тој додаде дека тоа е рамковен договор и секоја држава одлучува самостојно и нема обврзувачки точки. Америка не го ратификуваше документот, а Русија тоа нема да го стори додека не бидат донесени правил за распределба на ресурси.