Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Работа од дома во услови на ковид-19 – актуелна потреба или идно трајно решение

0
By Нова ТВ on May 17, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пандемијата со коронавирусот која го зафати, речиси, целиот свет го промени начинот на живот и го натера населението да смени дел од своите секојдневните навики. Рестриктивните мерки што ги воведоа дел од земјите во борбата против ширењето на вирусот, ги принудија работодавачите да одат на поинаква организација на работата и да ги насочат вработените да работат од дома.

Се поголем е бројот на компании кои функционираат онлајн, а нивните вработени ги извршуваат работните задачи од дома. Пандемијата всушност ги натера луѓето да сфатат дека многу работи може да се завршат од дома без одење на работа и присуство во канцеларии.

Така, компанијата „Твитер“ им кажа на своите вработени дека доколку сакаат може доживотно да работат од дома. Оние кои сакаат, ќе може да се вратат во канцеларија откако ќе бидат укинати рестриктивните мерки.

„Во изминатите неколку недели се покажа дека можеме да работиме на овој начин. Затоа, ако нашите вработени имаат услови и сакаат да работат од дома засекогаш, ние ќе им го овозможиме тоа“, соопшти „Твитер“, компанија која има над 4.000 вработени низ светот.

Сличен став зазедоа и „Фејсбук“ и „Гугл“ чии работници до крајот на годината ќе работат од дома.

Работењето од дома да се преточи во закон 

Можноста да се работи од дома ги натера дел од државите да размислуваат ваквиот начин на работа да го преточат во закон по завршување на пандемијата. Ваква идеја изнесе германскиот министер за работа Хубертус Хајл, кој има намера да предложи воведување на законското право на работа од дома во случаи кога тоа е возможно.

Во изјава за весникот „Билд ам зонтаг“, Хајл изјави дека таков закон сака да предложи на есен бидејќи првичните проценки покажуваат дека во текот на пандемијата, процентот на луѓе кои работат од дома е зголемен од 12 на 25 проценти и дека со ваков начин на работа се ангажирани околу осум милиони луѓе.

„На сите оние кои сакаат, а работата тоа им го дозволува, би требало да имаат можност да работат од домашна канцеалрија, дури и кога ќе се заврши пандемијата со коронавирусот. За време на пандемијата, дознавме колку работа во денешно време може да се изврши од дома“, истакнал Хајл.

Кај нас засега не се размислува за вакво нешто, иако поголем дел од компаниите беа принудени поради новонастаната состојба со ковид-19 да го применуваат овој начин на работа. Неодамнешното истражување што го спроведе Сојузот на стопански комори (ССК), во кој членуваат над 24.000 главно микро, мали и средни претпријатија, покажа дека 80 проценти од компаниите немаат можност да ја вршат својата работа од дома или онлајн.

„Од сите претпријатија вклучени во истражувањето, 80 отсто се изјасниле дека немаат можност да ја вршат својата работа од дома или онлајн, а на прашањето дали бараат алтернативен начин за остварување на нивната дејност, 70 отсто се изјасниле дека не е можно да ја вршат нивната дејност на алтернативен начин, 19 отсто од нив бараат алтернативни начини, а 11 отстоне бараат друг начин“, вели Благоја Грозданов, член на Управниот одбор на ССК.

Истражувањето на ССК покажа и дека поради кризата предизвикана од ковид-19, претприемачите генерално се соочуваат со намален обем на работа и со големи штети во работењето, а голем дел од нив не се во можност да се задолжуваат со нови кредити на веќе постоечките за да ја пребродат кризата. Засега, најголем процент од нив се уште не го намалиле бројот на вработени, но дури 46 отсто се изјасниле дека планираат да го намалат бројот на вработени доколку немаат ликвидност и средства да ги исплатат платите и трошоците.

Светски искуства

Водечката глобална компанија во областа на истражувањата и давање совети за финансиите „Гартнер“, во анализата објавена на 30 март пишува дека три четвртини или 74 отсто од организациите ќе одлучат најмалку пет проценти од вработените да ги остават да работат од далечина.
„Овој податок дава пример какво ќе биде влијанието на корона-кризата на начинот на функционирање на компаниите“, вели Александер Бант од „Гартнер“ со седиште во Вашингтон.
Според Бант, финансиските директори, кои веќе се под притисок да најдат начини да ги менаџираат трошоците, гледаат шанса во придобивките во смисла на трошоци од работењето од дома.
„Работата од далечина е еден од примерите за креативна заштеда на трошоците кон која се стремат финансиските директори за да избегнат отпуштања. Повеќето финансиски директори препознаваат дека технологијата и општеството се развиваат во правец да овозможат работење од дома за повеќе работни позиции, повеќе од кога било до сега“, посочува Бант.
Додека организациите сè уште се обидуваат да најдат решенија за прекините на стопанските активности предизвикани од ковид-19, работењето од дома може да се имплементира како решение за мерките кои се преземаат од финансиските директори да ги намалат трошоците, се наведува во истражувањето.
Во најновата анкета на „Гартнер“, 20 отсто од испитаниците посочиле дека имаат одложено трошење на технологија во простории, а дополнителни 12 отсто планираат да го сторат тоа, 13 отсто од испитаниците истакнале дека веќе направиле намалување на трошоците за недвижнини, а други 9 отсто планираат да преземат активности во оваа област во наредните месеци.
Сличен став заземаа и „Фејсбук“ и „Гугл“ чии работници до крајот на годината ќе работат од дома.
Во истражувањето биле вклучени 317 финансиски раководни лица од компании, клиенти на „Гартнер“.

Падемијата го промени пазарот на труд и побарувачката за работна сила

Во услови кога светот се бори против невидливиот непријател и кога голем дел од бизнисот трпи штети, промени се забележуваат и на пазарот на труд каде рапидно се менува побарувачката на работна сила. Очигледно е дека во услови на пандемија на корона вирусот, најмалку барани се туристичките работници и угостителите поради откажаните ангажмани и затворањето на угостителските објекти, а за сметка на тоа најбарани се здравствените работници и доставувачите на пратки поради онлајн нарачките.

Меѓу најбараните работни ангажмани моментално во САД, што е глобален тренд на запад, се работните позиции во здравството и трговијата и професиите како возачи, психолози, доставувачи, градежни работници и сметководители. Експертите ја истакнуваат и се поголемата потреба од промена на земјоделството, бидејќи сметаат дека ако потрае пандемијата, поради намалениот увоз, производството на сопствена храна би можело да стане приоритет.

Домашни канцеларии Коронавирус Пандемија работа услови
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
ФОКУС

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

ВЕСТИ October 7, 2025

Министерството за здравство соопшти дека од денеска почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип…

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025

„Израел Хајом“: Тајниот план на Тони Блер за Газа

October 7, 2025

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

October 7, 2025
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.