Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Работна група за легализација на канабисот: Лекарите да можат да препишуваат препарати

0
By Sashko on June 7, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Работната група за подготовка на измени и дополнувања на законодавството за декриминализација, легализација и искористување на медицинските, социјалните и економските придобивки на канабисот, оформена откако се увиде потребата за координирање на повеќе процеси и иницијативи предложени од професионалните здруженија и граѓанските организации, денеска во Владата го одржа својот прв состанок.

На состанокот, како што информираат од владината прес-служба, беше утврдена потребата да се дозволи, освен лекарите од јавното, и лекарите од приватното здравство да можат да препишуваат препарати од канабис и да се дозволи можност пациентот кој добил препорака за лекување со препарати од канабис да може сам да одгледува и користи канабис во форма која согласно неговата здравствена состојба најмногу му одговара. Исто така, беше постигната согласност за потребата да се прошири листата на специјалистичките гранки во кои канабисот може да се препорачува како лек, прашање кое треба да се регулира со прописи од областа на лековите.

Воедно беа презентирани и потврдени опсегот, мандатот, составот, начинот на работа, како и целите, начелата и основните идеи поврзани со регулацијата на производство и искористувањето на медицинските, социјалните и економските придобивки од билката канабис. Беа поздравени храброста, иницијативата и посветеноста на граѓанскиот сектор, на институциите и на бизнис секторот за подготовка на предлог измени и дополнувања на законските решенија со цел да се обезбеди депенализација и декриминализација на употребата на канабисот за лични потреби, како и да се отвори сеопфатна содржинска дискусија за можностите за легализација.

Во македонски контекст, овие измени и дополнувања опфаќаат интервенции согласно меѓународните пракси и тоа во Кривичниот законик, Законот за прекршоците, Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции и Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

Работната група ќе преземе и иницијативи за информирање и едукација на широката јавност за сите аспекти од употребата на билката канабис, како и да обезбеди целосно инклузивен процес на консултација со сите засегнати и заинтересирани страни.

На состанокот учествуваа претставници од Министерството за здравство, Министерството за правда, Министерството за внатрешни работи, Кабинетот на премиерот, здруженијата на токсиколози, на педијатри, на онколози, Факултетско студентско собрание при Фармацевтски факултет, Здружението на млади кривичари, Хелсиншкиот комитет за човекови права, ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, Коалицијата маргини, Здружението Операција Ослободување, Здружението за канабис и зелени политики Билка, НВО коалиција Канабис институт Пелагонија, Здружението на производителите на медицински канабис и од Факултетот за земјоделски науки и храна при УКИМ.

декриминализација канабис Македонија Работна група Состанок
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.