Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Работници на „црвена листа“: Им запирале рати за кредит, а парите не ги уплаќале во банка

0
By Нова ТВ on May 19, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Поранешна голема фабрика од Неготино им запирала рати за кредит на своите некогашни вработени, но средствата не биле уплаќани во банка, па 135 лица се нашле на црвена листа должници. Проблемот е заглавен во лавиринт и се провлекува веќе 17 години. Некогашните вработени во неготинскиот индустриски капацитет за МИА раскажуваат дека се чувствуваат како заложници. Според нив, вкупната штета што им е нанесена е над 300.000 евра. Грабеж е ова, коментираат тие. Обвинителството потврди дека работи на случајот.

„Во септември во 2003 година, првпат во животот земав кредит од 180.000 денари. Веќе во декември, од банката ми реагираа дека доцнам со исплата на ратите. Бев информиран дека за нередовноста ми тече затезна камата. И пишав на банката дека ми се појавија проблеми во врска со исплаќањето на потрошувачкиот кредит, дека редовно земав плата и согласно на административна забрана, фабриката ми запираше рата за кредит, но не и плаќала на банката. Предложив да се смени начинот на плаќање на кредитот, па банката сама да си ги запира парите врз основа на траен налог. Иако веќе го исплатив кредитот, поради тоа што фабриката не ги уплатила парите, банката сè уште ме задолжуваше со основица од околу 100.000 денари. Дека сум на своевидна црвена листа на должници, сфатив кога отидов во штедилница, со намера да и бидам жирант на колешка. Ми рекоа, не може, имаш незатворен долг“ вели револтиран е работник во поранешната фабрика кој додава дека поседува документи за редовна задршка од платата на ратите за кредит.

Вели дека фабриката, инаку акционерско друштво во стечај, не работи од 2016 година.

Друго лице со истиот проблем вели дека при земањето на кредити, дел од работниците потпишале договори со 300 евра депозит.

„Јас и мојот брачен партнер сме во ист кош, бидејќи и двајцата бевме вработени таму. Депозитот не ни е вратен, а секој ден ни расте камата, иако ратите за враќање на кредитот ни беа запрени. Сега сме неподобни и кредитонеспособни, било каде да тропнеме за друг кредит. Не водат во ,,ш“ категорија.  Случајот мора да се реши, осакатени сме. Има меѓу нас инвалиди на кои им требаат пари за лекови, невработени. Греота е ова што ни го направија, некој мора да одговара за ова, ја бараме вистината и правдата“, нагласува за МИА.

Оштетените работници решиле да бараат правда преку надлежните државни органи. Од Обвинителство потврдуваат дека бил поднесен обвинителен акт против едно раководно лице од поранешната фабрика.

„По овој предмет е поднесен обвинителен акт на 05.12.2019 година и во моментот е во фаза на одлучување по приговор против истиот. Имено, приговорот поднесен од обвинетиот е одбиен од Основен суд Велес, но поднесена е жалба до Апелацискиот суд во Скопје по која се уште немаме добиено одлука“, одговорија од Обвинителството за МИА.

Во врска со ова истражување, а заради објективност во информирањето, побаравме став и од банката со филијала во Неготино што работниците со кои разговаравме, ја посочија како давател на кредитот.

„Во врска со Вашето прашање, Ве известуваме дека реакцијата на клиентите е резултат исклучиво на незаконитото постапување од страна на нивниот работодавач. Притоа, од таквото однесување на работодавачот директна штета трпи и Стопанска банка АД – Скопје која не ги има наплатено побарувањата по користени кредити од лица вработени кај овој работодавач“, одговорија од Банката за МИА.

Во изминатиот период, нагласуваат оттаму, случајот е предмет на испитување и од страна на надлежниот јавен обвинител кој утврдува елементи на кривична одговорност.

„Искажувајќи загриженост заради ваквите појави, дури имаме преземено и конкретни дејствија преку судска постапка против работодавачот. И покрај таквите напори, сепак, изостана соодветна наплата на побарувањата заради негова инсолвентност“, дополнуваат од Банката.

Што се однесува пак до начините на обезбедување на побарувањата, дури и надлежните судови со правосилни пресуди од конкретни постапки поврзани со овој случај, се имаат произнесено дека административните забрани претставуваат инструменти за поефикасна наплата на побарувањата кои не ги ослободуваат клиентите од обврските по кредити ако нема конкретна наплата, додека пак налозите над парични влогови се прифатени како дозволени инструменти за обезбедување кои Банката не е должна да ги ослободи до целосно намирување на нејзините побарувања.

„Црвена листа“ банка должници кредит Македонија Неготино обвинителство работници Рати фабрика
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.