Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Работниците на ФЕНИ и денеска на блокади

0
By Нова ТВ on December 5, 2017 ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Фото. РСЕ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Вработени во фабриката „Фени Индустри“ и денеска го блокираат магистралниот пат Градско-Прилеп.

Патниот правец ќе биде затворен од 11 до 14 часот.

Членови на синдикатот на фабриката „Фени“ поради неисплатени плати и во текот на вчерашниот ден го блокираа патниот правец Градско-Прилеп.

Претседателот на Синдикатот Ѓоре Палитов рече дека од ветувањата за исплата на двете заостанати плати немало ништо и оти заради тоа ќе останат на протест се до исполнувањето на нивните барања.

Транспортерот Душко Пауновски истакна дека се наоѓаат во незавидна ситуација бидејќи, како што рече, за транспорт на руда не им било платено од март годинава, а тие имале подигнато кредити за работа. Упати апел до банките кои побараа стечај за „Фени“ како доверители дека доколку не се преземе нешто, ќе се откажат од сметките во овие банки.

Трајче Пејовски, како претседател на Здружението на транспортери од Кавадарци, додаде дека и тие ќе останат на протести додека не се решат проблемите. И тој нагласи дека трпат големи загуби од околу 100 илјади евра месечна загуба и побара да се најде решение.

– Без пари не се живее. На сите нам ни должат вкупно околу четири милиони евра, нагласи Пејовски.

Транспортерите кои протестираа побараа во решавањето на проблемот да се вклучи и вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.

блокади протест Фени
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.