Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Радев и Фон дер Лајен разговараа за евроинтеграцијата на Северна Македонија

0
By НОВА ТВ on May 25, 2021 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, May 25, 2021 05:57

Постигнувањето на напредокот во европската интеграција треба да се заснова на почитување на човековите права и целосно почитување на копенхашките критериуми за членство во ЕУ, истакна бугарскиот претседател Румен Радев на состанокот со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и португалскиот премиер Антонио Коста, објави Бугарското национално радио.

Во фокусот на разговорите, како што јави дописникот на МИА од Софија, биле можностите за постигнување напредок при усвојувањето на преговарачката рамка и почетокот на преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ.

– Потребни ни се позитивни примери во билатералните односи меѓу Бугарија и Северна Македонија и директен и отворен билатерален дијалог за решавање на проблемите. Секоја можна одлука за започнување преговори за членство во ЕУ со Република Северна Македонија ќе биде внимателно анализирана и усогласена со декларацијата на бугарскиот Парламент и рамковната позиција на нашата земја за проширувањето на ЕУ и процесот за стабилизација и асоцијација од октомври 2019 година, рече Румен Радев за време на состанокот со Урсула фон дер Лајен.

Тој го оцени како „добар знак“ претстојното заедничко оддавање почит на делото на светите браќа Кирил и Методиј на 27 мај од страна на делегациите на Бугарија и Северна Македонија во Рим и повика на политичка волја од Северна Македонија за постигнување конкретни резултати за проблематични прашања. Состанокот беше инициран од претседателот на Европската комисија и португалскиот премиер пред вонредниот состанок на Европскиот совет во Брисел.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Светската здравствена организација повикува на грижа со достоинство и почитување на правата

October 10, 2026

Уште три детски животи згаснаа под руските напади минатата ноќ во Украина

October 10, 2026

Банките доминираат на Македонската берза: Што открива тесниот пазар на капитал за економијата?

October 9, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Светската здравствена организација повикува на грижа со достоинство и почитување на правата

October 10, 2026

Уште три детски животи згаснаа под руските напади минатата ноќ во Украина

October 10, 2026

Банките доминираат на Македонската берза: Што открива тесниот пазар на капитал за економијата?

October 9, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.