Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Радмила Шекеринска – од електроинженер до заменик генерален секретар на НАТО

0
By Marija Todorovska on November 19, 2024 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, November 19, 2024 13:22

Радмила Шекеринска денеска во Брисел беше избрана за заменик генерален секретар на НАТО. Марк Руте, геенралниот секеретар, изјави дека е среќен што ќе работи со неа и дека таа е вистински верник на НАТО.

Марија Тодоровска 

Радмила Шекеринска дипломирала на електротехничкиот факултет во Скопје во 1995 година, како асистент на факултетот работела пет години, од 1997 до 2002 година. Магистрирала во 2007 година во „Флечер“ САД на престижната школа за дипломатија и право.

Нејзините политички функции започнуваат во 1993 година кога таа е избрана за член на ЦО на СДСМ. Во 1995 година станува дел од претседателството на ЦО, а четири години подоцна таа самата е потпретседател и меѓународен секретар на партијата.

Радмила Шекеринска била претседател на Социјалдемократската младина на Македонија, потпарол на СДСМ и во 2006 година на 5 ноември избрана е и за претседател на партијата. Нејзин претходник бил Владо Бучковски, а по 2008 година функцијата претседател на СДСМ од неа ја презема Зоран Заев.

Шекеринска била и дел од Советот на Град Скопје од 1996 до 1998 година, таа била и пратеник во Собранието и во тој период ги има функциите: заменик-координатор на Пратеничката група на СДСМ, член на комисијата за надворешна политика, член на комисијата за образование и наука, член на комисијата за животна средина, млади и спорт, член на делегацијата во Интерпарламентарната унија (УПИ) и член на пратеничката група за соработка со Европскиот парламент.

Во 2002 година повторно е избрана за пратеник во Собранието на Република Македонија, таа беше пратеник во четири мандати, а од 1 ноември 2002 до 2006 година е заменик-претседател на Владата на Република Македонија, задолжена за Европска интеграција и Координација на странската помош. За време на нејзиниот мандат, Република Македонија го доби статусот на земја кандидат за членство во Европската унија.

Во период од 2017 до 2022 , Радмила Шекеринска беше и министерка за одбрана.

Радмила Шекеринска е автор на повеќе научни трудови и добитник е на наградата “Глобални Водачи на Утрешнината“ што ја доделува светскиот економски форум.

заменик секретар НАТО Радмила Шеќеринска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 5, 2026Updated:May 5, 2026

5-ти мај – ден на македонскиoт јазик

ВЕСТИ May 5, 2026

Пораки за македонскиот јазик, неговата вредност и потребата за зачувување на аманетот од постарите генерации…

123 години од смртта на Гоце Делчев

May 4, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.