Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Радуловиќ: Финансиски му помогнав на Бојан Јовановски за отворање на телевизијата

0
By Нова ТВ on March 6, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, March 6, 2020 12:02

Скоро 40 години се занимавам со музика, со продуцирање на музички спотови и музика за филмови, а со Бојан Јовановски и неговото семејство се познаваме околу 15 години. Со Бојан нè поврзуваше уште една работа, а тоа е отворањето на телевизијата“, рече Александар Радуловиќ, сопруг на познатиот српски текстописец, Марина Туцаковиќ, кој е последен сведок по предлог на првообвинетиот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски.

„Неговата телевизија, според мене, беше многу интересен проект кој можеше да вроди квалитетна соработка. Решив дека треба да му помогнам во финансирањето за отворање на теливизијата. Секако дека му помагав и приватно кога му било потребно, бидејќи бевме многу блиски пријатели“, рече Радуловиќ на денешното рочиште во судницата во Кривичнуиот суд во Скопје.

Радуловиќ притоа потенцира дека Јовановски и неговото семејство честопати патувале заедно во Грција, во Италија, заеднички прославувале родендени, дочеци на Нова година, куќни слави. За време на рочиштето беше презентиран и материјал на це-де кој, според него, го снимал Јовановски во Србија.

„Лани со Бојан се видовме околу Нова година, а се видовме во февруари и кај нас во ателјето една недела пред роденденот на мојот син“, сведочеше Радуловиќ.

Сведокот Лидија Јаневска која требаше да сведочи на денешното рочиште доставила медицинска документација дека е под стрес и не може да сведочи.

Пред почетокот на судењето, судијката Васка Николовска – Масевска, ги предупреди присутните да не се однесуваат недолично, алудирајќи на обвинетите, одбраната и обвинителката Вилма Рускоска.

„До сега бев толерантна кон сите вас и ве оставав да се доискажете сите во своето излагање. Веќе нема да ве толерирам и нема да дозволам да се однесувате недолично во оваа судница. На следното такво однесување ќе бидам приморана да ве отстранам од судницата. Сите недолични зборови задржете си ги за надвор од оваа судница“, рече судијката.

Првообвинетиот Јовановски се сомничи дека сторил кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“ и за „примање награда за противзаконито влијание“. Второобвинетата Катица Јанева се товари дека сторила кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Александар Радуловиќ рочиште сведок Случај „Рекет“
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Петмина приведени во антитерористичка акција во Скопје, тројца под истрага, пронајдени оружје и материјали на „Исламска држава“

September 29, 2026

85 години од Бабин Јар: Сеќавање на жртвите на Холокаустот и опомена против омразата и заборавот

September 29, 2026

Фон дер Лајен во Скопје: ЕУ го забрзува темпото, Северна Македонија стои, има ли Мицкоски нешто ново да каже?

September 29, 2026

ЕУ забрзува со четири кандидати, Северна Македонија останува на перонот

September 29, 2026

Фемицидот не почнува со убиството: Во Скопје регионален повик за систем што ќе ги препознава предупредувачките знаци

September 28, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

Петмина приведени во антитерористичка акција во Скопје, тројца под истрага, пронајдени оружје и материјали на „Исламска држава“

September 29, 2026

85 години од Бабин Јар: Сеќавање на жртвите на Холокаустот и опомена против омразата и заборавот

September 29, 2026

Фон дер Лајен во Скопје: ЕУ го забрзува темпото, Северна Македонија стои, има ли Мицкоски нешто ново да каже?

September 29, 2026

ЕУ забрзува со четири кандидати, Северна Македонија останува на перонот

September 29, 2026

Фемицидот не почнува со убиството: Во Скопје регионален повик за систем што ќе ги препознава предупредувачките знаци

September 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.