Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ракомет, ЛШ: Металург немоќен против Монпелје

0
By Нова ТВ on November 10, 2016 СПОРТ
Фото: ehfcl.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Металург го претрпе четвртиот пораз во групата Ц во ракометната Лига на шампиони во оваа сезона, прва на домашен терен. Монпелје, во период од две ипол недели, по вторпат славеше над македонскиот вицепрвак, овојпат со 30:24 за преземање на лидерската позиција на табелата од Ла Риоха, но и со меч повеќе од шпанскиот состав. Обрадовиќ кај домашните и Гребие кај гостите постигнаа по 10 гола како најефикасни поединци на средбата.

Монпелје заслужено ги однесе бодовите од Скопје. Французите беа подобри во едночасовното одмерување на силите со тимот од Автокоманда во ВИП арена „Борис Трајковски“. Го имаа Гребие на чија „десетка“ се надоврзаа и Доленец и Фабрегас со исто толку заедно, имаа и подолга клупа што овозможуваше повеќе ротации и рамномерно распоредување на силите.

На спротивната страна ниту Обрадовиќ имаше расположен соиграч да го следи ниту Червар да посегне по решение од клупата за адекватен одговор. Деби, конечно, дочека Илиќ како и најновиот член на клубот, Гуглета. Во финишот Металург се обиде да внесе неизвесност, се доближи на два гола разлика (22:24) на што Монпелје го возврати со серија од 3:0 за безбедно приведување на натпреварот до крај.

Забелешки за составот на Лино Червар, сепак, нема. И покрај младоста се обидуваше да држи чекор со фаворизираниот. Не успеа да изненади, но акумулира нова, неопходна, доза на искуство што ќе биде потребна за дуелите што преостануваат до крајот на групната фаза и, пред се, драгоцена за наредната сезона. Металург во наредното коло ќе гостува во Норвешка кај екипата на Елверум над која триумфира во првото коло со 18:17.

Гостите триумфираа и во вториот денешен меч во групата. Татран Прешов ја совлада екипата на Чеховски Медведи со 29:28.

Металург – Монпелје 24:30 (10:14)

ВИП арена „Борис Трајковски“. Гледачи: 2.000. Судии: Бартош Лешчински (Полска) и Марсин Пихота (Полска)

Металург: Арсиќ, Томовски, Дрогришки 1, Костески 1, Обрадовиќ 10, Кузмановски 3, Илиќ 4, Печенковски /, Крстевски /, Талески /, Велковски /, Брајовиќ /, Пешевски 3, Палевски 2, Гуглета /, Арсеновски /. Тренер: Лино Червар.

Седмерци: 2/2. Исклучувања: 6 минути.

Монпелје: Жерар 1, Белахсен, Портнер, Анкетил /, Симоне 1, Сосе /, Трухановичиус 1, Туми 2, Гребие 10, Доленец 6, Звижеј 1, Кавтичник 1, Фостин /, Фабрегас 4, Порте 2, Бинго 1. Тренер: Ерик Мате.

Седмерци: 6/7. Исклучувања: 8 минути.

Лига на шампиони Металург Монпелје ракомет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.