Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ракомет, ЛШ: Вардарки стартуваат со ФТЦ, целат на Фајналфор

0
By Нова ТВ on October 14, 2016 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Вечерва (20,30 часот) во СЦ „Јане Сандански“, македонскиот женски првак ја отвора новата сезона во елитното европско натпреварување

 

Со пет нови ракометарки, без Лекиќ и Кликовац и, можеби, Пенезиќ и со два пријателски меча зад себе, Вардар ја почнува новата сезона во Лигата на шампиони. Прв противник е Ференцварош. Мечот е вечерва во 20,30 часот во СЦ „Јане Сандански“. Целта во натпреварувањето е јасна и непроменета од минатите сезони. Место на Фајналфор турнирот е потцртано како основен приоритет со надеж дека бронзените медали од претходните учества ќе бидат заменети со сребро или злато.

„Првиот меч е тежок за нас во секоја сезона бидејќи немаме силни натпревари и лига да знаеме во каква форма сме. Тоа, сепак, не дава за право да не дадеме максимум и уште при загревањето со очи да оставиме впечаток дека противникот нема што да бара во Скопје. Верувам дека сме подготвени добро, добро трениравме, новите ракометарки добро се вклопија и посакуваме да покажеме уште вечерва каков Вардар треба да биде“, изјави Јованка Радичевиќ.

Во однос на ривалот и самиот натпревар, црногорската репрезентативка смета дека нема да биде лесно.

„Ференцварош е во натпреварувачка форма. Има мечеви секоја среда и недела. Ќ биде тешко. Мора да ги послушаме и испочитуваме советите на тренерот, мора да се справиме со нив. Верувам дека ќе биде така и на крајот ние ќе се радуваме“.

Дијана Илина (бек) од Белорусија, Александра Лакрабер (бек) од Франција, Камила Херем (крило) од Норвешка, Тамара Мавсар (крило) од Словенија и Мајса Пешоа (голман) од Бразил се девојките што потпишаа за македонскиот женски ракометен првак меѓу две сезони. На сите нив може да смета тренерот Индира Кастратовиќ за вечерашниот дуел. Како опција не е Андреа Лекиќ која сè уште се рехабилитира по операцијата на менискусот, ниту Андреа Кликовац поради инфекција на окото. И третата Андреа (Пенезиќ) во составот на „црвено-црните“ е неизвесна. Хрватската репрезентативка тренираше со намален интензитет во изминатите денови и стручниот штаб ќе одлучи колку ќе ја користи вечерва. Вербата е дека ќе биде подготвена за настап, но желбите се едно, а реалноста нешто друго.

„Нестрпливи сме да почнеме, но девојките знаат дека смееме да изгориме во таквата желба. На отворање на сезоната лани загубивме од Ѓер, тоа беше лош настап. Сега се надевам дека ќе ја поправиме сликата во првите дуели во сезоната во Лигата на шампиони. Имаме малку пријателски средби, но тоа не смее да биде изговор. Ференцварош го чекаме без Лекиќ и Кликовац, останатите се подготвени за максимално залагање и настап за што веруваме ќе биде уживање за присутните во салата“, е пораката на Индира Кастратовиќ, тренер на вардарки.

Ривали на Вардар во групата Б, покрај ФТЦ, ќе бидат и Астраханочка од Русија и германски Лајпциг.

Вардар Лига на шампиони ракомет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.