Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ракомет: Вардар преку Мешков Брест до трета победа во СЕХА лигата

0
By Нова ТВ on September 8, 2017 СПОРТ
Фото: rkvardar.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Вардар како казнена експедиција во СЕХА лигата. Европскиот шампион ја забележа и третата победа во новата сезона во регионалното натпреварување. Во „црвено-црната“ машинерија на Раул Гонзалез овојпат влезе Мешков Брест кој загуби во СЦ „Јане Сандански“ со 31:23 (полувреме 17:14).

Победникот во дербито на хартија го реши играта во одбрана на домашните како во ситуации шест на шест така и во белоруските обиди да пробијат со ракометар повеќе во напад во второто полувреме и да одржат резултатска тензија во мечот. Но, наместо тоа, вардарци организирано и дисциплинирано се бранеа, трпеливо чекаа на грешка на гостите и без проблем ја тресеа празната мрежа. Па, разликата од три гола на големиот одмор достигна плус девет за македонскиот првак (29:20) на прагот на завршните десет минути што рутински беа одработени.

Вуко Борозан беше најефикасен во тимот на Вардар со шест гола, Иван Чупиќ додаде пет, а Арпад Штербик забележа осум интервенции. На спротивната страна по пет реализации забележаа Стојковиќ и Шилович, Раде Мијатовиќ одбрани 10 удари.

Пред Мешков Брест, „црвено-црните“ ги совладаа Металург со 32:23 во првото коло и Горење Велење со 32:19 во второто. Нареден ривал на вардарци во СЕХА лигата е словачки Татран Прешов во Скопје на 19 септември.

Вардар Мешков Брест ракомет СЕХА лига
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.