Тирана: Албанскиот премиер и лидер на Социјалистичката партија, Еди Рама, изјави дека на 11. мај Албанците ќе одат на средба со историјата за да се утврди силата на Албанија во преговарачкиот процес со ЕУ.
На 11. мај Албанците нема едноставно да гласаат за следните 4 години во однос на тоа која партија што ќе прави, туку ќе одат на средба со историјата, за да се утврди моќта што Албанија ќе ја има во соочувањето со најпредизвикувачкиот процес досега за албанската држава, а тоа е преговарачкиот процес со ЕУ, за кој имаме рок, крајот на 2027 година, изјави Рама за А2 Си-Ен-ен.
За првпат, нагласи Рама, „од падот на комунизмот ЕУ ни ја отвори вратата и ни понуди заеднички да ги затвориме преговорите и да станеме членка на ЕУ“.Во Албанија на 11 мај ќе се одржат 11. парламентарни избори по падот на комунизмот. Рама се бори за четврт последователен мандат а неговиот опонент демократот Сали Бериша за враќање на власт.