Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Рама: Ситуацијата во Македонија би можела да излезе од контрола

0
By Нова ТВ on March 31, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ситуацијата во Македонија би можела да излезе од контрола, бидејќи претседателот на државата одбива на лидерот на втората најголема политичка партија да го даде мандатот за формирање влада во која би учествувале партиите на локалните Албанци, изјави албанскиот премиер Еди Рама, во интервју за швајцарскиот весник „Tages-Anzeiger“, пренесува Макфакс.

Во врска со обвинувањата од македонски политичари дека се меша во внатрешните работи на една земја, Рама потсети дека Албанија не го довела никогаш во прашање името на државата, јазикот или идентитетот.

– Ние само побаравме од Владата во Скопје да ги почитува правата на Албанците во целост. Тоа е несфатливо за нас кога Славомакедонците го одбиваат албанскиот јазик како официјален јазик на национално ниво, иако албанското население претставува речиси една третина од населението. Можете ли да замислите такво нешто во Швајцарија? Француски, како забранет јазик во федералните институции или судот?, вели Рама.

Тој во интервјуто оценува дека „политичката температура“ на Балканот значително пораснала. Според него, граѓаните и политичките елити на Балканот ќе останат мирни се додека не ја загубат вербата во членството во Европската унија.

– Границите ќе бидат доведени во опасност, доколку ЕУ седи со скрстени раце и на тој начин им го препушти регионот на Русите, вели Рама во интервју за швајцарскиот весник „Тагесанцајгер“.

Според него, балканските земји можат да се развијат во зрели демократии единствено во рамките на ЕУ.

Еди Рама Македонија политичка криза
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.