Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Рамковски: Власта ми монтира нов случај, сакаат да умрам во затвор

0
By Нова ТВ on October 6, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, October 6, 2016 13:45

Сопственикот на А1 телевизијата, Велија Рамковски, во писмото кое го доставил до редакцијата на дневниот весник „Слободен печат“ се жали дека власта му монтира нов судски случај, бидејќи како што вели, сакаат доживотно да лежи во затвор.

Рамковски веќе шест години издржува казна затвор.

Дел од писмото НОВА го пренесува интегрално, додека целото можете да го прочитате на Плусинфо.

„На 22.9.2016 година, во вторникот, двајца полицајци, со лисици на рацете ме спроведоа во судската сала во Судот, за после петнаесет минути судијката да им нареди да ме изнесат од судница и да ме вратат во затворот „Идризово“.

Пролетта 2011 година, во затворот во Шутка, бев сослушан од обвинител, во врска со обвинение против мене од некој си загрепчанец, за измама. Тој во тужбата навел дека моја фирма во Загреб не ѝ платила на неговата фирма за извршени шпедитерски услуги. Тој, исто така, кажал дека не се познаваме, ама во 2008 година од Загреб ми телефонирал во Скопје и јас сум успеал да го наговорам да влезе во ризик и да загуби. Како доказ, нема ниту снимка од разговорот ниту, пак, транскрипт од него.

На обвинителот му објаснив дека немам фирма во Загреб, дека тужителот не го познавам и дека не се сеќавам на телефонски разговор со него. Во Хрватска последен пат сум бил во 2006 година, а тоа може да се провери во пасошот. Таа година со семејството бев на море.

Мојот адвокат тогаш ми објасни дека со вакво обвинение власта сака да се обезбеди да ме држи затворен, доколку не успее во законски рок да поднесе обвинителен акт за „Пајажина“.

….

За четири месеци ќе наполнам 70 години. Казната од 13 години ми е зголемена за уште шест месеци. Немав пари да ги платам судските трошоци и си добив уште 180 дена затвор. Верувам дека власта сака да ме држи во затвор додека умрам.

Претпоставувам, читателите ги интересира како живеам.

Во затворот не живеам. Мојот живот беше прекинат кога ме затворија. Ниту еден затвореник лежењето во затвор не го смета за живот. И најтешкиот наркоман, на кого домот му е контејнер, одвај чека да излезе на слобода. Меѓу затворениците, постои вистината дека само гробот е полошо место од затворот.

Октомври 2016 година

Велија Рамковски

ПС. За инает, ќе живеам 101 година“, пишува Рамковски во писмото.

А1 Велија Рамковски затвор
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.