Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Рашковски: Апсолутно не се чувствувам виновен, обвинението е како да барате црна мачка во црна просторија

0
By Biljana on March 14, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, March 14, 2022 13:05

Драги Рашковски, поранешниот генерален секретар на Владата обвинет за злоупотреба на службената положба и за перење пари во судскиот предмет „Софтвери“ денеска на рочиште во Кривичниот суд во Скопје се изјани дека не е виновен за делато за кои е обвинет, а обвинителниот акт го нарече оксиморон.

На прашање на судот дали го разбира обвинението и дали се чувствува виновен Рашковски одговори:

„Семантички ми е јасно обвинението, но како правен акт не. Апсолутно не се чувствувам виновен“, рече обвинетиот Рашковски, откако обвинителката Вилма Русковска го презентираше обвинението во кое се опфатени и уште шестмина обвинети.

Обвинителката Русковска, пак, рече дека во постапката Обвинителството ќе изнесе докази со кои ќе го увери судот дека обвинетиот Драги Рашковски нерационално и непродуктивно ги трошел народните пари и дека ја злоупотребил положбата за свои лични материјални цели, а дека софтверот не е употреблив не само поради спорната јавна набавка која е предмет на обвинителниот акт, туку и и дека е нефункционален.

Рашковски, пак, обвинението на обвинителката за гонење организиран криминал го оцени како оксиморон и додаде дека тој и обвинетите намерно биле држени во притвор, за да во јавноста во тоа време се создаде впечаток дека се сторени кривични дела кои не се кривични дела изразуваќи се метафорички:

– Тоа ви е како да барате црна мачка во темна просторија или мачка која ја нема.. За обвинението постои еден израз оксиморон, тоа вие како да кажете паметна будала, рече Рашковски додавајќи дека во судскиот процес тој и неговата одбрана ќе докажат преку материјални и вербални докази дека кривичните дела кои му се ставаат на товар не постојат.

Ексгенералниот секретар на Владата е обвинет и дека од јуни 2017 до почетокот на мај 2021 година пуштил во оптек 5. 378 319 денари (87. 500 евра), а за кои оттаму тврдат дека потекнуваат од кривично дело. Со парите, според Обвинителството, тој вршел уплати на сметките на членови на семејството, а предвреме отплатил и кредит.

Првообвинетиот, се вели во oбвинителниот акт, не ги извршил своите службени должности при спроведување на четири постапки за јавна набавка за Систем за биометриска идентификација, јавна набавка на Софтвер за определување на просечна брзина на возила во сообраќајот и изрекување на казни, набавка на стоки – ANPR камери за препознавање регистарски таблички за возила и јавна набавка на работи – метални кабини за потребите на системот на биометриска идентификација и систем за автоматско препознавање на регистарски таблици.

С.М.

Рашковски софтвери Суд
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.