Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Рашковски даде оставка, Заев ја прифати, ДКСК ќе го проверува неговото работење

0
By Нова ТВ on April 14, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, April 14, 2021 18:51

-Вистината нека се провери преку институциите. Нема затскривање позади функции. Достоинството и интегритетот се пред се. Ова е дел од содржината на писмото до премиерот Зоран Заев, со кое поранешниот генерален секретар и советник во Владата Драги Рашковски поднесе неотповиклива оставка од функцијата која ја извршуваше.

Писмото на Рашковски според неговиот датум е испратено во понеделникот на 12 април, а одлуката за ваков чекор доаѓа по многубројните обвинувања од опозицијата, написите во дел од медиумите но и отворањето на повеќе случаи од страна на ДКСК како и отворањето на предмет од страна на Обвинителството по допрен глас.

Изминатиот период името на Рашковски често беше споменувано во јавноста, а се поврзуваше со низа настани за кои постои сомнеж за негова вмешаност во скандалозни набавки со огромни суми државни пари.

Во 2019 година во јавноста и во медиумите беше отворен случајот поврзан со формирањето на хеликоптерска итен медицински тим, откако опозицијата обвини дека „во него се крие криминал“. Тогашниот Генерален секретар на Владата, Рашковски, го бранеше проектот и жестоко ја критикуваше опозицијата.

Потоа се случи спорната набавка на радарска опрема од италијанската компанија Леонардо, каде се споменува огромна сума на пари потрошени за оваа намена.

Изминатиов период беше особено актуелен во медиумите со набавката на  софтвер за сообраќајни прекршоци од 81.000 евра кој не е во употреба. Обвинителството минатата недела изврши претрес во фирмата поврзана со софтверот – „Инвоука Гроуп“, и отвори предмет за овој случај. 

Реакции во јавноста предизвика и неговиот одмор во Мексико за време на пандемијата, а медиумите објавија и серија натписи за неговата имотна состојба, за што се заинтересира и Антикорупциската комисија.

„Кога политиката ќе стане погласна од природните науки, тогаш работната атмосфера станува непогодна за некој кој е научен во сè да ја бара логиката. Вистината нека се провери преку институциите. Нема затскривање позади функции“, се вели во писмото на Рашковски.

Иако за премиерот Зоран Заев при набавката на софтверот за сообраќајни прекршоци од страна на поранешниот генерален секретар во Владата, Драги Рашковски, не била прекршена ниту една процедура и не бил констатиран никаков конфликт на интереси, сепак денеска тој ја прифати неговата оставка велејќи дека тоа е негова лична одлука и има право на тоа.

И вицепремиерот за борба против корупцијата Љупчо Николовски претходно не виде конфликт на интереси во случајот со набавката на софтверот за МВР по што изјави дека нема да бара оставка од Рашковски.

По оставката на Рашковски, опозициската ВМРО-ДПМНЕ побара „до крај да бидат истражени аферите во кои тој наводно е вовлечен, како и да биде испитана неговата имотна состојба.

– Изнудената оставка на Рашковски пропратена со арогантен напад на јавноста не е преземање на одговорност. Овие милионски скандали не се покриваат со оставка, потребана е одговорност и судска разврска“, реагираше ВМРО-ДПМНЕ.

За првата антикорупционерка оставката на Рашковски нема ништо да промени при постапувањето во предметите што ги отвори ДКСК.

Во моментов Антикорупциска разгледува три предмети за Рашковски – „Инвока Груп“, „Леонардо“, како и анкетниот лист и фактичката имотната состојба на Рашковски.

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 15, 2026

Иранските медиуми објавија детали од договорот меѓу САД и Иран

ВЕСТИ June 15, 2026

Иранските државни медиуми објавија нацрт-договор од 14 точки, иако ниту една страна официјално не го…

Иран поделен за договорот со САД – протести, обвинувања за капитулација

June 14, 2026

Трамп: Утре ќе потпишеме договор со Иран, Ормутскиот теснец повторно ќе биде отворен

June 13, 2026

Трамп: Не знам дали слушнавте – денеска ја завршивме војната со Иран

June 12, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.