Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Рашковски: Допис од УЕФА кон ФФМ до Владата “патуваше“ седум дена

0
By Нова ТВ on June 24, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, June 24, 2017 14:03

Фирмата „Атриум“ од Вевчани, во сопственост на братот на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Мукоски, склучила договор за варосување на помошни простории во „Телеком арената“ за 10 евра од квадрат, пред одржувањето на Супер Купот во Скопје, информираше денеска генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски на прес-конференција.

Како што рече тој, овие информации ги добил неофицијално и им порача на медиумите понатаму да истражат.

Рашковски информираше дека има многу недостатоци и пропуштени рокови во реконструирањето на Градскиот стадион во пресрет на одржувањето на Суперкупот.

Тој потенцираше дека Владата мора да ги заврши бараните реконструкции на Арената до 21 јули, бидејќи два дена подоцона, на 23 јули ќе има финална контрола од УЕФА дали Супер Купот ќе се одржи во Скопје.

УЕФА и пратила допис на Фудбалската Федерација на Македонија со одредени забелешки кој од ФФМ до Владата патувал седум дена.

Најголемиот проблем се неинсталираната климатизација, немањето простор за камиони и репортажни возила, планот за евентуална евакуациј.

„Правиме напори за соодветно електрично напојување во случај на дефект“, рече Рашковски, дополнувајќи дека Владата ќе ги забрза работите за одржување на Супер Купот во Скопје.

Рашковски рече дека Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор треба да направи алокација на средства од 2 милиони денари за да се исполнат УЕФА стандардите.

Влада Супер куп УЕФА ФФМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.