Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Распишана потерница: Деведесет и шестгодишна Германка во бегство пред почеток на судење

0
By Sashko on September 30, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Германка, која е обвинета за помагање и поддржување на масовни убиства во нацистички концентрационен логор, избега пред почетокот на судењето.

Како што пренесуваат германските медиуми, необично е што станува збор за 96-годишната Ирмгард Фурнер, која е обвинета дека била соучесник во убиството на 11.412 луѓе кога имала 18 години, додека била дактилографка во концентрациониот логор Штутхоф во периодот меѓу 1943 година и 1945 година.

Обвинета е за бегство. Таа го напуштила својот дом рано утрово со такси, движејќи се во правец на станицата на метрото, изјави портпаролката на судот, Фредерике Милхофер.

Нејзината моментна локација е непозната и по неа е распишана потерница.

Судот во северниот германски град Ицехо во соопштение наведе дека осомничената „во функција на стенографка и дактилографка во канцеларијата на командантот на логорот им помагала и ги поддржувала одговорните во логорот во систематското убиство на затвореници кои биле таму од јуни во 1943 година до април во 1945 година“.

Фурнер изјави дека не била свесна за убиствата што се случиле во логорот додека работела таму, јави агенцијата ДПА.

Во логорот имало околу 100.000 затвореници во ужасни услови. Повеќе од 60.000 луѓе починале од болести и глад, некои биле задушени со гас, а други убиени со смртоносни инјекции или принудени да излезат во зима без облека додека не умрат од смрзнување.

бегство Германија концентрационен логор потерница Свет Убиства
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.