Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Расте бројот на сомнителни смртни случаи меѓу руската елита

0
By Zoran Ivanov on July 16, 2025 ВОЈНА ВО УКРАИНА, ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, July 16, 2025 09:30

Од почетокот на руската инвазија врз Украина, голем број припадници на руската елита починале на сомнителен и таинствен начин. Аналитичарите велат дека причините за тоа се сложени, но и типични за руската висока политика.

Иако поради затвореноста на Русија не постои точна и сигурна бројка, според западните агенции и руски активисти, повеќе од 75 важни личности од политичките, воените и деловните кругови на Русија починале под сомнителни или неразјаснети околности од почетокот на војната во Украина во февруари 2022 година до јули 2025 година. Во тоа се вклучени олигарси, политичари, воени функционери и лица поврзани со државните структури.

Официјална Москва нивните страдања ги нарекуваше самоубиства, падови од прозорци, случајни труења, срцеви удари или насилни смртни случаи во семејни трагедии.

Последниот таков случај е смртта на Роман Старовојт. Неговото тело беше пронајдено во московската област Одинцово, каде што живеат многу членови на руската елита. Руските медиуми објавија дека извршил самоубиство во парк со пиштол што му го подарил претседателот Путин. Старовојт од мај 2024 година беше министер за транспорт, а претходно беше гувернер на Курската област, која украинските сили ја нападнаа во август 2024 година. Воениот успех на Киев во тој регион ја понижи Русија. Старовојт беше сменет од министерската функција непосредно пред самоубиството.

Евгениј Пригожин загина во авионска несреќа два месеци откако го почна својот бунт против претседателот Путин со неговата платеничка армија Вагнер. Тој и неговите луѓе одиграа значајна улога во првата година од војната во Украина, но кога изразија незадоволство од водењето на војната и тргнаа во воен поход кон Москва, беше јасно дека нема да траат долго. Денес ги нема ниту него, ниту неговата група.

Една од ретките компании во Русија која на почетокот срамежливо се огласи против инвазијата на Украина, со објаснување дека таква војна ќе ја ослабе економијата, беше Лукоил. Претседателот на тој енергетски гигант Равил Маганов почина по наводно паѓање од прозорец на болница во Москва.

Со пад од прозорец животот си го одзедоа и олигархот Павел Антов и Марина Јанкина, финансиски директор на западниот воен округ. Самоубиство со бесење извршија Сергеј Протосења, поранешен извршен директор на Новатек, високиот менаџер во Гаспром Александар Тјуљаков и Роман Малик, полковник задолжен за мобилизација.

Низата продолжува со гушења во када, давења во базен, падови по скали, а најчесто наведувана причина за смрт е срцев удар. Руските медиуми никогаш не истражувале што стои зад олку големиот број смртни случаи на влијателни луѓе, а официјална Москва само ќе изразела сочувство и ќе ги игнорирала прашањата од западните медиуми.

Руските професори и аналитичари кои побегнале на запад главно се плашат под свое име да ги коментираат овие смртни случаи. Но, тие навестуваат дека тие се последица на сложени борби за моќ, контрола над ресурсите и јасно и брзо отстранување на потенцијалните закани за режимот. Сето тоа создава дополнителна атмосфера на страв и несигурност во рамките на елитата, што дополнително ја зацврстува авторитарната контрола и ги одвраќа од спротивставување на режимот. Во таа смисла, сомнителните смртни случаи служат и како предупредување за оние кои би можеле да бидат дисиденти или закана.

На тој траг е и професорот Џефри Винтерс, политиколог од Универзитетот Илиноис, автор на книгата „Олигарси“, кој истакнува дека богатите луѓе во Русија е речиси невозможно да се убијат без одлука на државата. „Тоа се милијардери со телохранители, со пристап до најдобра медицинска нега, приватни возачи, со сите најдобри услови за заштита што парите можат да ги купат“, изјави тој. „Не можам директно да тврдам, но се чини логично дека ги отстранува истата рака што им овозможила да станат богати, влијателни или високо политички позиционирани“.

Сите овие сомнителни смртни случаи Украина ги користи за да предупреди на безмилосноста и бездушноста на рускиот режим и да му објасни на Западот против што всушност се борат Украинците. Советникот на украинскиот претседател Михајло Подољак изјави дека во Русија нелојалноста значи смрт.

Поранешната советничка на Белата куќа за Русија и одличен познавач на начинот на кој функционира Кремљ, Фиона Хил, рече дека не треба сите смртни случаи да се ставаат под ист именител и да се закопуваат во теории на заговор, но и дека не треба да чуди што недемократски режим не функционира на демократски начин.

Хил во интервју за Гардијан нагласи дека тоа е само еден сегмент од војната на Русија со Западот која веќе е во полн ек. „Русија се зацврсти како противник на начини кои веројатно не ги предвидовме целосно“, рече таа. Труењата, атентатите, кибернападите, саботажите и заканите за инфраструктурата се само дел од истата тактика, заклучи таа.

„Синдромот на ненадејна смрт на влијателни Руси“, како што Би-би-си минатата година ги нарече овие случаи, не почна за време на инвазијата на Украина. И пред нападот на Украина, најмалку 38 смртни случаи на бизнисмени кои во одреден момент биле блиски до Кремљ се објаснуваат со несреќни или мистериозни околности.

Најпознат случај е олигархот Борис Березовски кој изврши самоубиство во својот дом во близина на Лондон. Британските истражители по истрагата рекоа дека не пронашле никакви докази дека станува збор за насилна смрт, но во просторот на социјалните мрежи многумина не поверуваа во тоа објаснување. Како што ниту денес многумина не веруваат дека влијателните и богати Руси се толку невнимателни или психички лабилни

Текстот е сопственост на Слободен печат.мк

Елита Русија Убиства
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
shortcut
ФОКУС
May 28, 2026

Американската армија повторно го нападна Иран – Техеран возврати со напад врз Кувајт

ВЕСТИ May 28, 2026

Американската армија синоќа го нападна иранскиот пристаништен град Бандар Абас, а Иран возврати со напад…

Владата го одби предлогот на Филипче за референдум за ЕУ – Нема да трошиме ни време ни пари

May 28, 2026

„Ве молам, помогнете“ – Зеленски му испрати итно писмо на Трамп

May 27, 2026

Албанија незапирливо кон ЕУ – ја отвора и последната фаза од преговорите

May 26, 2026
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.