Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Рациново признание за 2020 година за Виктор Фридман и Јоуко Сакари Линдстет

0
By Нова ТВ on May 20, 2020 КУЛТУРА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, May 20, 2020 15:33

Професор доктор Виктор Фридман од Чикаго, САД и неговиот колега Јоуко Сакари Линдстет од Хелсинки, Финска се добитници на годинашното почесно Рациново признание.

„Организацискиот одбор на Рациновите средби одлучи Виктор Фридман, светски познат лингвист, македонист и славист, редовен професор по славистика и македонистика на Универзитетот во Чикаго, да го добие ова признание, за неговите заслуги за македонскиот јазик, македонската лингивистика и македонистика во САД и светот,“ информира градоначалникот на Велес, Аце Коцевски на денешната прес-конференција.

Професор Јоуко Сакари Линдстет, професор по филологија на Универзитетот во Хелсинки од 1986 година, е учесник во проектот „Денешната лингвистичка мапа на западниот дел од регионот Виа Игнација”, раководител и главен истражувач на значајниот проект „Кониковско евангелие” и на многу други проекти. Тој е врвен светски славист, македонист и балканист, а како што појасни Коцевски, признанието го добива во знак на благодарност за афирмација на македонскиот јазик, македонската лингвистика во Финска и во многу други европски и светски земји.

„Сигурен сум дека токму сега кога некој го оспорува македонскиот јазик, двајцата великани кои искрено се посветени на афирмација за македонскиот јазик, литература и култура, во јавноста силно ќе одекне веста за меѓународната поддршка на македонскиот јазик и на македонската култура. Научните истражувања на двајцата покажуваат дека македонскиот јазик и неговите дијалекти се афирмираат во светските научни центри со што македонскиот јазик се афирмира како посебен јазик и претставува предмет на исклучително научно интересирање поради својата поврзаност со балканските  јужнословенски и нејужнословенски јазици“, потенцира Коцевски.

Организацискиот одбор одлучил „Рациновите средби“, и покрај состојбата со ковид-19, сепак да се одржат, но не како што првично се размислуваше во ноември, декември, туку од крајот на септември до крајот на октомври, а ќе имаат и поинаква организација што ќе значи и нивно осовремување и модернизирање, појасни Коцевски.

Дел од содржините се планира да се одржат во живо доколку тоа го дозволат здравствените власти, се разбира, со почитување на здравствените мерки.

„Со тоа ќе се продолжи времетраењето на „Рациновите средби“ и тие подолго време би биле присутни во јавноста“, рече Коцевски.

Тоа би било преку електронски пат со што би се овозможило учество на „Рациновите средби“ на поголем број на писатели од светот. Во план се и преноси во живо преку Јутјуб каналот и на некои од телевизиите, а на повеќе локации во Велес ќе бидат поставени видео-бимови.

„Рацинови средби“ Виктор Фридман Јоуко Сакари Линдстет признание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.