Иранскиот врховниот лидер, ајатолахот Али Хамнеи го разреши началникот на националната полиција Хосеин Аштари.

Ајатолахот Хамнеи не наведе зошто е сменет Аштари, кој во изминатиот период често беше критикуван поради смртта на 22-годишната Махса Амини, која беше уапсена од полицијата за морал во Техеран поради неправилно носење на хиџабот.

Аштари тврдеше дека полицијата не е виновна за смртта на Амини.

Хамнеи го именува заменик-началникот Ахмед-Реза Радан на местото на Аштари.