Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Разрешениот Донев ја обвинува Владата за популизам

0
By Нова ТВ on February 13, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Екс директорот на Агенцијата за туризам, Александар Донев денеска преку Фејсбук за првпат се огласи по неговото разрешување од 30 јануари. На неговиот Фејсбук профил, тој меѓудругото, обвинува дека нема време да ги реализира процесите што ги започнал во Агенцијата и како што вели, борбата да ја доведе во ред, со таква „институционална поставеност и политички контекст“, како и за „сервилен популизам… за да се заситат гладните за сеир и жртва, додека вистинските проблеми остануваат скриени“.

 

„Најпрво благодарност за поддршката на оние кои ја искажаа и кои ме познаваат доволно да знаат дека тоа што го правам со години како и изминативе шест месеци го правам искрено и од срце и со една намера а тоа е да помогнам на Македонија на начин на кој најдобро знам и умеам.

Најпрво како гласен критичар и борец против режимот, а последниве неколку месеци и како директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот. Улога навидум многу слична со полето на мојата експертиза и она што професионално го работам со години но и многу различна поради тоа што е државна институција, нешто што е тешко да се опише на некој што од блиску немал можност да го запознае ова “чудовиште” или слободно можам да кажам ракот на нашата држава.

Сметам дека сега не е ниту време ниту место да зборам за што се случуваше овие неколку месеци, процесите кои ги започнав, а немав време да ги реализирам и борбата што ја имав за да ја доведам во ред агенцијата и колку тоа е можно со ваква институционална поставеност и во ваков политички контекст. Ќе го направам тоа во иднина – ветувам.

Сега би сакал само да апелирам да не верувате на секакви глупости што читате по некои медиуми и секако да прочитате и нешто повеќе од насловот.

Не верувајте во сервираниот популизам и не ги глодајте коските фрлени за да се заситат гладните за сеир и жртва додека вистинските проблеми остануваат скриени.

Годишната програма за работата на агенцијата беше изгласана на истата седницата на влада на која бев разрешен. Иако не се согласувам со причината за моето разрешување (ќе аргументирам во блиска иднина зашто), јас ја почитувам одлуката на Владата.

Ми беше чест и задоволство да работам, да им служам на граѓаните и да ја претставувам Македонија како туристичка дестинација.

Како и претходно, ќе продолжам да работам во туризмот и будно ќе ги следам случувањата во овој сектор“.

Владата го разреши Донев поради, како што беше наведено несовесно и невнимателно работење.

Донев беше цел на критика на јавноста во ноември минатата година, кога се објави дека тој патувал до Аргентина со лет од бизнис класата, со што платил 220 000 денари.

Тој е долгогодишен граѓански активист и учесник на Шарената револуција.

Агенција за туризам Александар Донев разрешен реакција Фејсбук
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.