Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Развластие“ на албанските партии или владин состав за подобра иднина на Македонија !?

0
By Marija Todorovska on June 18, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, June 18, 2024 14:06

Предлогот за новиот владин состав денеска од страна на мандатарот Христијан Мицкоски се достави во Собранието. По разгледувањето на пратеничките групи се очекува предлогот да биде изгласан, проследен со расправа која може да трае не повеќе од три дена.

Во меѓувреме, во пресрет на формирање на Владата, на свечената церемонија посветена на 34-годишнината од формирањето на партијата, нејзиниот претседател Христијан Мицкоски порача дека нема да дозволи ВМРО да стане СДСМ како што било и е сега, а ниту ВЛЕН да стане ДУИ.

„За неколку дена Македонија ќе има нова Влада, предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Во изминатиот период кога се договараше оваа влада, внимателно ги следев оние пораки од одредени политички центри од новата опозиција дека премногу им се дало на коалицијата ВРЕДИ, што е ноторна измислица. Замислeте тие што коленичeа во Речица и кои што седум години беа измеќари на ДУИ нам кои што повративме најмалку ¾ од функциите што ги изгубија, ни велат дека сме дале премногу. Но, нека биде и така, сакам да кажам ниту даваме ниту земаме, затоа што Македонија е заедничка држава“, изјави Мицкоски.

„Развластие“ или природно преземање на тоа што им следи на албанците

По усвојување на законот за реорганизација на владата (измени и дополнувања на Законот за организација и работа на органите на државната управа) донесен на 8 јуни, со што се создадоа услови за формирање на новата влада, следеа реакции од албанските политички сега опозициски фактори како во текот на расправата за овој закон, така и сега.

Кренар Лога, генералниот секретар на Алијансата за албанците, која е и дел од Европскиот фронт, воедно и министер за правда, чија партија не гласаше за законот, постојано го критикува учеството на коалицијата ВЛЕН во владата на Мицкоски, велејќи дека го немаат легитимитетот на Албанците, а добиените министерства ги нарекува декор.

„Создавањето на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини го прави Министерот за економија неважен и само декор, односно министер без ресор. Истото се очекува да се случи и со Министерството за труд и социјална политика, одземајќи ги надлежностите за предучилишното образование,  односно градинките, и префрлувајќи ги тие надлежности во Министерството за образование, што ќе направи уште едно министерство водено од Албанци безвредно“, велеше Лога пред гласањето на Законот за реорганизација на министерствата.


Во иста линија беше и пратеникот на Европскиот фронт Блерим Беџети, за подоцна истиот закон и да го гласаат, a за возврат во договор со ВМРО-ДПМНЕ добија ад-хок комисија.

Одлуката на ДУИ и „Европскиот фронт“ Беџети ја образложи велејќи дека пренесувањето на надлежности од една на друга може да има логика за ефикасност.

„Предлогот на мандатарот Мицкоски е пренесување на надлежност од една во друга институција и може да има логика за ефикасност. Но, цениме дека еден ваков упад треба да биде сериозно разгледан, но ова ќе го оставиме на времето, дали ќе биде постигната таква ефикасност“, рече на собраниската говорница Беџети.

ЦИВИЛ Медиа побара став од ДУИ околу тоа дали Албанците добија премалку од коалициониот договор, и зошто го гласаа Законот за реорганизација, но до објавување на овој текст не добивме одговор.

Муртезани: Понекогаш едно министерство или институција што работи ефикасно е подобро од 10 министерства

Портпаролот на партијата „Алтернатива“, воедно и кандидатот за министер за европски прашања од ова партија Орхан Муртезани вчера за ЦИВИЛ Медиа вели дека коалицијата „ВЛЕН“ во идната влада ќе раководи со важни ресори бидејќи, како што истакнува, понекогаш едно министерство или институција што работи ефикасно е подобро од 10 министерства.

„ВЛЕН во преговорите за распределба на ресорите се водел од нашите програмски принципи, затоа што тргнуваме од принципот дека понекогаш едно министерство или институција што работи ефикасно и е во служба на граѓаните е подобро од 10 министерства, чие раководство злоупотребуваше за лични интереси и политичка корупција, како што се случуваше досега. ВЛЕН ќе управува со исклучително важни институции  испреговарани во исклучително сложено политичко опкружување“, рече Муртезани.

Зеќирија Ибрахими од коалицијата ВЛЕН, на прашање на ТВ21 дали проценуваат дека албанскиот блок добил доволно министри, рече дека процентуално Албанците во целата извршна власт се застапени со околу 27 до 30%. Според него, застапеноста на Албанците во извршната власт е зачувана и дека тие се на истите позиции што ги имаше претходната власт СДСМ-ДУИ-АА. Ибрахими исто така изјави дека треба да се земе предвид и фактот што сега ВМРО успеа да создаде сама мнозинство од 61 пратеници и без Албанците.

„Видете, ние би сакале да ја земеме целата влада, но во однос на тоа дали Албанците се застапени во оваа извршна власт, можам да ве уверам дека Албанците се доволно добро застапени, и секаде дури и таму каде што нема да имаме министер ќе имаме други позиции кај министерот, со кои ќе бидеме претставени и ние како Албанци“, изјави Ибрахими од ВЛЕН.

Што доби „ВЛЕН“

Коалицијата „ВЛЕН“ која на последните парламентарни избори освои 107 илјади гласови или 14 пратеници, во Владата на мандатарот Христијан Мицкоски ќе раководи со 5 министерства и 7 заменици министри и неколку државни секретари, а исто така од ВЛЕН е и претседателот на Собранието, Африм Гаши.

Алтернатива која е дел од коалцијата „ВЛЕН“ го предлага Орхан Муртезани, за министер за европски прашања. Движењето Беса го предлага Фатмир Лимани за министер за социјална политика, демографија и млади, а Бесар Дурмиши за министер за економија и труд. Арбен Таравари од Алијанса за Албанците е кандидат за министер за здравство, а Изет Меџити, претседателот на Демократското движење – вицепремиер и министер за животна средина.

Со новиот закон бројот на министерства се зголемува од 16 на 20 бидејќи се воведуваат нови: Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини; Министерство за спорт; Министерство за дигитална трансформација и Министерство за европски прашања – кое досега беше на ниво на секретаријат.

Назми Абдурахмани / Цивил Медиа

албански партии Влада
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.