Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Развој на авантуристички туризам“, соработка помеѓу Крушево и Елбасан

0
By Biljana on January 13, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Градоначалникот на општина Крушево, Томе Христоски го потпиша договорот за проектот „Крушево и Елбасан – препознатлива прекугранична туристичка дестинација“ вреден 744 илјади евра.

Проектот опфаќа изградба на паркинг во параглајдинг центарот во Крушево, поставување на 2 мерни станици на полетувалиштето за параглајдинг, ЛЕД осветлување на објектите од култура и изградба на патека за „даунхил“, планински велосипедизам. Од страна на општина Крушево ќе се имплементираат и различни видови на обуки и настани за градење на капацитетите на угостителскиот сектор.

„Денес го потпишав договорот со кој официјално започнуваме со имплементација на уште еден проект од областа на туризмот. По имплементацијата на проектот „Кругот на адреналинот – развој на авантуристички туризам во Крушево“ кој достигна сума од 700 000 евра продолжуваме со овој голем проект кој ќе донесе подобрување на туристичка инфраструктура, помош за угостителскиот сектор и поголема промоција на Крушево во меѓународни рамки. Туризмот е наш приоритет и тоа е иднината на општина Крушево“, изјави градоначалникот Христоски по потпишувањето на договорот.

Во проектот покрај општините Крушево и Елбасан се вклучени и две невладини организации од двете држави.

Активностите се дел од Прекугранична програма Република Северна Македонија – Република Албанија во рамки на Пред пристапен инструмент, алокации од 2018 – 2020 година.

Елбасан Крушево регионална соработка туризам
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.