Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Реакции на пратениците за разрешување на претседателката на Судски совет Дамева

0
By Соња Крамарска on April 27, 2023 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пратениците денеска ги осудија настаните во Судскиот совет и ги оценија како крајно негативни.

Пратеникот Мартин Костовски од СДСМ не сакаше да ги коментира случувањата во Судскиот совет, но рече дека таквото однесување е негативно.

„Републичкиот Судски совет е независна институција и мислам дека прашањето за оваа ситуација треба да го поставите таму. Јас сум пратеник од СДСМ и не сакам да навлегувам во коментирање и анализа на едно независно тело“, рече пратеникот Костовски.

Ние, додаде тој, правиме се во овие изминати години колку сме на власт да може и во пракса граѓаните да почувствуваат што значат европски манири, навики и однесување.

„Лично како Мартин Костоски можам да го оценам како негативно таквото однесување, меѓутоа за подетални информации ќе мора да прашате во ова независно судско тело“, рече пратеникот.

Пратеникот од БЕСА Фадил Зендели вели дека тоа што се случува во Судскиот совет е скандалозно и дека се случува под влијание на власта.

„Целава работа е од кои причини и кои политички влијанија ова се случува. Се гледаше дека не е во согласност со одредбите како функционира оваа институција“, рече пратеникот Фадил Зендели од Беса. Тој смета дека тоа се случило за да се одбранат судиите кои длабоко се во служба на политиката.

Одредени судии, како што вели Зендели, особено во Апелацискиот суд си земаат право да амнестираат високи функционери од минатото под политички притисок.

„Тоа не смее да се случува а се повторува“, вели пратеникот посочувајќи дека тоа се случува под влијание на власта.

Правосудството, смета Зендели, треба целосно да се реформира.

Дафина Стојановска од ВМРО-ДПМНЕ истакна дека она што се случи вчера во Судскиот совет е преседан и реприза на она што се случи на 27 април пред шест години во ова Собрание кога му се презеде столчето на Трајко Велјановски кој во 18 часот ја заврши седницата.

„Ја презедоа неговата улога, си ја продолжија седницата и до ден денеска ние така функционираме – насилно. Кога насилството ќе го почувствуваат на својот грб овие денес што се на власт тие тогаш реагираат. Затоа немаме никакво сочувство за нив“, рече Стојановска.

Извор: МИА

 

 

пратеници реакции смена на Весна Дамева Судски совет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.