Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Реакции по ждрепката за Лондон: Чилиќ едвај го чека дуелот со Мареј

0
By Нова ТВ on November 7, 2016 СПОРТ
Фото: livetennis.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ѓоковиќ против Раониќ, Монфис и Тим во „Лендл“ групата, Мареј против Вавринка, Нишикори и Чилиќ во групата „Мекинро“ е епилогот од ждрепката за завршниот тениски Мастерс во Лондон. Настанот во „О2 арена“ почнува во недела, на 13 ноември. Бранител на титулата е Новаќ Ѓоковиќ, како број еден светски рекет на турнирот ќе учествува Енди Мареј. Доколку српскиот тенисер успее да се одржи на тронот, а притоа ги добие и сите три меча во групата, тогаш ќе направи кам-бек на врвот на АТП листата.

„Ждрепката е добра иако конкуренцијата не е наивна. Сите, воглавно, одигравме многу меѓусебни мечеви во сезоната. Можеби во тој поглед заостанува Тим, но во секој случај ќе биде интересно“, рече Монфис, еден од дебитантите на лондонскиот Мастерс.

Гаел Монфис

Со статус дебитант во Лондон ќе патува и Доминик Тим. Австриецот најпрво му се заблагодари на Милош Раониќ за победата над Цонга што значеше елиминација на Французинот од место во „О2 арена“ по што даде и кус коментар за групите.

„Нашата група е многу интересна. Секогаш постои голем притисок кога играте против најдобрите, особено на крајот на сезоната. Она во што верувам, сепак, е фактот дека публикатаќе има во што да ужива“, порача Тим.

Фото: krone.at
Фото: krone.at

Стен Вавринка своите размислувања по ждрепката во добар дел ги насочи кон Енди Мареј, новиот лидер на светскиот тенис.

„Неверојатно е што направи Енди во текот на оваа година, но и во последните десет години. Тој е неверојатно борбен човек. Освои доста, пред се, во последно време и мислам дека заслужено е таму каде што е во моментот. Убеден сум дека ќе ужива пред својата публика во Лондон како број еден. Нè очекува интересен турнир“, истакна Швајцарецот.

Стен Вавринка

Марин Чилиќ, кој со победата над Ѓоковиќ во четвртфиналето во Париз, му расчисти пат на Енди Мареј изрази задоволство што ќе има прилика да игра против Британецот во Лондон.

„Зад мене се неколку интересни месеци, пред се последните две-три недели. Задоволство ми е што сум дел од оваа група на тенисери. Уживам во тој факт. Групата, секако, е тешка, но е привлечна и напорна. Особено кога ќе играм против Мареј, новиот број еден. Се надевам дека барем некој во арената ќе навива за мене“, во шега изјави Чилиќ.

 

 

АТП Гаел Монфис Доминик Тим Марин Чилиќ Мастерс Лондон Стен Вавринка тенис
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.