НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Реакција од МЗ: Неколку месеци пред да почине Кристијан баравме помош во странство

0
By Менче Атанасова Точи on August 16, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Националниот координатор за трансплантација, преку Министерството за здравство реагира на текстот на НОВА каде мајката на 31 годишниот Кристијан Неделковски кој почина бидејќи пумпите во неговото срце кои беа стари осум години откажаа, обвинува дека три години молеле во Министерството за здравстви и ФЗО, да му се дозволи да замине на трансплантација во Хрватска. Реакцијата ја објавуваме во целост.
„Во интерес на правилно информирање на јавноста, должни сме да дадеме одговор на информациите изнесени во текстот, особено поради фактот што воопшто и не бевме контактирани за да можеме и првично ја изнесеме целата документација во врска со случајот со починатиот пациент и нашите активности во делот на Трансплантацијата во земјава.
Во 2019 година се направија сите подготовки за вклучување на трансплантацијата на срце во Програмата за трансплантација и нејзино практично изведување во рамките на здравствените установи.  Од јануари 2020 година трансплантацијата на срце започна да се реализира и теоретски и практично, согласно протоколите прифатени во земјите членки на Еуротрансплант.
Поради ситуацијата со Ковид-19 и препораките на овие членки, поради ризикот за пациентите и лекарите, трансплантација во земјава од први март беше ставена во мирување. Првите препораки за олабавување на мерките дојдоа кон крајот на април, а првиот донор во земајава беше добиен на 23 мај кога и беше трансплантирано првото срце. Оттогаш не постојат законски, ниту лекарски пречки овој тип на интервенции да се прават кај нас.
Во однос на пациентот за кој се пишува во текстот, пред сѐ треба да појасниме дека се работи за сложена интервенција која вклучува не само трансплантација на срце, туку и на бели дробови. Тоа значи дека самата трансплантација на срце без да се трансплантираат и бели дробови, на овој пациент немаше да му го спаси животот.
Со оглед на сложеноста на оваа интервеница и со оглед на тоа дека во земјава нема развиен програм за трансплантација на бели дробови, Министерството за здравство стапи во контакт со неколку референтни центри кои ги работат овие интервенции и со кои веќе сме имале соработка и сме праќале пациенти за трансплантација на бели дробови.
Беше испратена целокупна документацита во Виена и во Љубљана кои се најфреквентни центри за трансплантација на бели дробови во Европа,  а беше контактиран и Загреб. Колку за појаснување, сето ова се случуваше во време на кризата со Ковид 19 кога границите беа затворени. За жал од центрите од Виена и од Љубљана добивме негативни одговори, а Министерството за здравство за Загреб претходно веќе нè извести дека законски не можат да примат пациенти за трансплантација и покрај тоа што лекарите од нивниот кардиохируршки центар тоа им го ветуваат на пациентите.
Министерството за здравство неколку месеци пред смртта на пациентот беше во контакт со Загреб и Љубљана за пациентите за кои немаме соодветен донор. Преку нив и преку Еуротрансплант започната е процедура за склучување на договор со овие земји кои би ни овозможиле соработка и евентуално ставање на наши пациенти на нивните листи во исклучителни ситуации. Овие договори се во постапка на реализација. Но, дури и со нив не значи дека сите пациенти за кои ќе побараме ќе бидат прифатени за трансплантација. Како поради недостиг на органи, па и поради сериозноста на здравствената состојба на пациентите, овие земји можат да ги одбијат пациентите.
Министерството за здравство покажа дека може да работи успешно трансплантација на органи, меѓу кои и срце.  Само два месеци по првиот пациент во мозочна смрт (повторно во ковид услови и намален обем на работа) имавме уште еден починат донор и здраво срце, како и медицински тим спремен да ја направи трансплантацијата.
Но, за жал не добивме согласност од пациентите  (меѓу кои еден со БИВАД и двајца со ЛВАД) кои се Националната листа со кои тие потврдуваат дека сакаат да примат орган. На семејството на донорот  му објаснивме дека само бубрезите од нивниот близок ќе бидат земени за трансплантација.  Ова значи дека се грижиме за пациентите и работиме за нив. Сакаме трансплантацијата да се развива во земјава, пред сѐ заради пациентите на листите за бубрези, срце, црн дроб и други органи.
Само заедничката соработка на Министерството, болниците, невладите организации и медиумите можат да ја подигнат свесноста за органодонорство, а со тоа да помогнат во развојот на трансплантацијата.
Здравствените установи и Министерството за здравство на Република Северна Македонија  покажаа во изминативе осум  месеци дека и во исклучително тешки времиња можат и знаат како да ја развиваат трансплантацијата.
Секоја негативна кампања ќе наштети на целокупниот процес и во крајна линија токму на оние кои чекаат на листите за органи.
Одговор од НОВА:
Втора страна во текстот има, а тоа е претседателот на Здружението„Храбро срце“, кој ги објаснува проблемите на пациентите кои имаат механичка поддршка, односно пумпи во срцето и со тоа потврдува низ какви тешкотии минуваат. За случајот на Христијан Неделковски НОВА пишуваше неколку пати додека беше жив, тој беше и на разговор во студио заедно со уште еден пациент кој почина два месеца пред него.
Беше поканета и Националниот координатор за трансплантација д-р. Маја Мојсова која не дојде, како што објасни заради настинка за да не им наштети на двајцата пациенти, но интервју со неа имаше веднаш после тоа. Значи многу пати била слушната „другата страна“ за овој случај, како и за другите пациенти кои се со пумпи во срцето.
И она што е најважно, мајката Бети Неделковска во сторијата зборува за период од три години, во кој како што вели, молеле во ФЗО и Министерството за здравство за да му се помогне на Кристијан, да се испрати на трансплантација во Хрватска како што имаше неколку случаи досега, за да се спаси еден млад живот. И таа кажува дека од страна на Министерството за здравство бил испратен допис до Виена, но вели кога веќе било доцна, тоа било направено две недели пред да почине, кога откажале и белите дробови и веќе не можело да се помогне поради што од таму бил одбиен. Неделковска прашува зошто тоа не било направено многу порано.
„Дали видоа дека состојбата не е добра и побараа помош за да нивниот образ остане чист. Дали Кристијан не успеа зашто не е дете на пратеник, лекар или министер. Ова да не се повтори на никого, затоа што како Кристијан чекаат уште десеттина пациенти и стравуваат за нивните жири години молевме и апелиравме да му се помогне на Кристијан, но освен ветувања и телефонските разговори, размена на пораки не добивме ништо. Се јавуваме во Министерството за здравство поднесувавме барање во ФЗО, но никој не сакаше да ни помогне.
Министерството и Фондот си ја префрлаа топката које надлежен, а кој не. Изгубивме многу време, а состојбата на Кристијан се влошуваше. Стапивме во контакт со Хрватска и добивме датум за предтрансплантациски испитувања, сами ги плативме исто како и секоја друга контрола. Тоа се случуваше во февруари минатата година, така што од тогаш до јуни додека почина Кристијан добиваваме само празни ветувања“, раскажува за НОВА, Бети Неделковска мајка на починатиот Кристијан.
Заедно со писмито кое го испрати до НОВА, Неделковска ја достави и целокупната документација од нејзиниот син, како и сите барања и дописи иако како што рече, знае дека никој нема да и го врати детето, но барем да се спасат останатите кои живеат приклучени на батерии.
Од тука, нејасно е на што всушност се однесува реакцијата објавена погоре. Инаку, и покрај успешната трансплантација на срце која што беше направена во мај, што е голем успех за македонското здравство, пациентите се уште чекаат надлежните да започнат со кампања за подигнување на свеста за дарување на органи, бидејќи органи нема, па како што најавија тоа ќе го организираат наскоро, самите.
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.