Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

УЕФА спектакл во Скопје: Четврта Суперкуп титула за Реал Мадрид

19
By Нова ТВ on August 8, 2017 СПОРТ
Фото: uefa.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Реал Мадрид го одбрани тронот во УЕФА Суперкупот. „Кралевите“ го совладаа Манчестер јунајтед со 2:1 на „Телеком арена“ во Скопје и во клупските витрини го додадоа четвртиот трофеј од натпреварот со обединувачки карактер (Лига на шампиони плус Европа лига). Касемиро во 24 минута и Иско во 52. погодија за тимот од „Сантијаго Бернабеу“, Ромелу Лукаку во 62. го постигна единствениот за премиерлигашот кој го претрпе третиот пораз во четвртото учество во мечевите од ваков тип.

Воведот на средбата им припадна на „црвените ѓаволи“ по што контролата на теренот, во продолжение, ја презеде европскиот првак. До паузата ја затресе гредата од голот на Де Хеа, но и успеа да го совлада на средина на полувремето. Набрзо по враќање од 15 минутниот одмор реализира уште еднаш на воодушевување на малиот, во споредба со Англичаните, контингент свои симпатизери кои беа сместени, воглавно, на источната трибина. Радост им подари Иско, кој на крајот на спектаклот беше прогласен и за играч на натпреварот.

Фото: uefa.com

Жозе Мурињо во почетните минути на вториот дел почна да влече адути од клупата во обид да спаси што може. На местото на Лингард на терен го испрати Рашфорд, а во 56 минута и Маруан Фелаини наместо Ерера. Втората замена му донесе и резултат. Белгиецот не се запиша во листата на стрелци, но беше најзаслужен за акцијата по која капитулира Кејлор Навас по ударот на Лукаку.

Фудбалската претстава во продолжението мина во знакот на Реал Мадрид. Шпанскиот и европски гигант трпеливо, мудро, концентрирано и без брзање го „грицкаше“ времето што се чинеше како да лета за фудбалерите во црвено-бела комбинација. Составот на Зидан и по вторпат ја здрма гредата од противничкиот гол, а во финишот на натпреварот и Де Хеа се истакна со рефлексна интервенција за оставање во игра на колегите за евентуално израмнување и внесување на мечот во продолженија.

Фото: uefa.com

Тие, пак, иако неубедливи, сепак, не беа без шанси. При ист напад, во период од само неколку секунди, промашија Погба и особено Лукаку. Во 84 минута се надоврза и Рашфорд кој најде во идеална позиција, но неговата закана донесе само корнер за Манчестер јунајтед, ситуација во која без проблеми се снајдоа „кралските“ играчи за безбедно привршување на настапот до крај и прослава на трофејниот старт на сезоната 2017/18. Завршницата на натпреварот одново ја крена на нозе скопската публика. Причина, сепак, не беше погодок туку влегувањето во игра на Кристијано Роналдо кој ги доби последните 15 минути од Зидан, вклучувајќи го и судиското надополнување, колку да собере аплаузи и овации од трибините.

Дека Реал Мадрид беше подобар ривал во македонскиот главен град е показател и статистиката. „Кралскиот“ клуб има 59 отсто посед на топка наспроти 41 отсто на Манчестер јунајтед. Играчите на шпанскиот и континентален титулар имаа 599 додавања од кои 537 прецизни и истрчаа вкупно 99,4 километри за разлика од соодносот на „црвените ѓаволи“ кои гласеше 337 – 280 со 102,4 изминати километри.

Суперкуп спектаклот од Скопје се сели во Талин, Естонија, каде догодина во ова време „Ле Кок арена“ ќе биде мегдан за новата пресметка меѓу освојувачите на Лигата на шампиони и на Европа лигата.

Реал Мадрид – Манчестер јунајтед 2:1 (1:0)

Стадион: „Телеком арена“ во Скопје. Гледачи: 36.000. Гл. судија: Џанлука Роки. Асистенти: Еленито ди Либераторе и Мауро Тонолини крај аут линии, Давиде Маса и Масимилијано Ирати зад голови. Ж. картони: Карвахал, Рамос (Реал Мадрид); Лингард, Рашфорд (Манчестер јунајтед). Стрелци: Касемиро 24′, Иско 52′ за Реал Мадрид; Лукаку 62′ за Манчестер јунајтед.

Реал Мадрид (формација: 4-3-3): Навас – Марсело, Рамос, Варане, Карвахал – Крос, Модриќ, Касемиро – Иско (Асенсио 74′), Бејл (Лукас Васкез 74′), Бензема (Роналдо 83′). Тренер: Зинедин Зидан.

Манчестер јунајтед (формација: 4-3-3):  Де Хеа – Дармијан, Смолинг, Линделоф, Валенсија – Матиќ, Погба, Ерера (Фелаини 56′) – Лингард (Рашфорд 46′), Мкитарјан, Лукаку. Тренер: Жозе Мурињо.

Последни десет освојувачи на европскиот Суперкуп на УЕФА

2017 година (Скопје): Реал Мадрид – Манчестер јунајтед 2:1

2016 година (Трондхајм): Реал Мадрид – Севилја 2:2 – по продолженија 3:2

2015 година (Тбилиси): Барселона – Севилја 4:4 – по продолженија 5:4

2014 година (Кардиф): Реал Мадрид – Севилја 2:0

2013 година (Прага): Баерн Минхен – Челзи 1:1 – по продолженија 2:2 – на пенали 5:4

2012 година (Монако) Атлетико Мадрид – Челзи 4:1

2011 година (Монако): Барселона – Порто 2:0

2010 година (Монако): Атлетико Мадрид – Интер 2:0

2009 година (Монако): Барселона – Шахтјор Доњецк 0:0 – по продолженија 1:0

2008 година (Монако): Зенит Санкт Петербург – Манчестер јунајтед 2:1

Манчестер Јунајтед Реал Мадрид Суперкуп УЕФА фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025

Шведска: 14-годишник отворил оган и повредил најмалку шестмина

October 4, 2025
ФОКУС

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

ВЕСТИ October 5, 2025

Во руските напади врз Запорожје, едно лице беше убиено, девет беа ранети, голем број куќи…

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025

Кочани: Нов марш за Ангелите – Обвинителниот акт е непобитен доказ дека правдата не е на страна на жртвите туку на виновниците

October 4, 2025

Хамас се согласи да ги ослободи сите израелски заложници согласно планот на Трамп

October 4, 2025
ТИКЕР

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025

Шведска: 14-годишник отворил оган и повредил најмалку шестмина

October 4, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.