Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Усвоен на Влада, проследен до Собрание: Расправа по ребаланс на Буџетот од 1 јули

0
By Sashko on June 22, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Расправата по Ребалансот на Буџетот во Собранието ќе почне на 1 јули за кога е закажана седницата на матичната Комисија за финансирање и буџет. Клучни сегменти на предложениот ребаланс што го усвои Владата и го испрати до Собранието се зголемување на капиталните инвестиции и продолжување на поддршката за стопанството.

Со овој ребаланс, според предлагачот, приоритетите до крајот на 2021 година ќе бидат насочени кон справување со последиците од пандемијата, преку зголемување на обемот на инвестициите со директна поддршка на активностите на компаниите, отворање нови работни места преку активните мерки за вработување, како и со поддршка и развој на микро, мали и средни претпријатија. И натаму останува определбата за поддршка на економијата со инвестиции на инфраструктурни проекти, редизајнирање на структурата на јавните финансии преку зголемено учество на капиталните расходи, како и зајакнување на процесот на планирање, извршување и известување за јавните финансии.

Приходите се проектирани на ниво од 222,6 милијарди денари и за 4,7 отсто се повисоки во однос на иницијалниот Буџет за 2021 година, а што, според предлагачот се должи на добрата реализација на приходите од почетокот на годината. Расходите се планирани на ниво од 268,8 милијарди денари или за 8,6 проценти повеќе во однос на иницијалниот Буџет. Дефицитот е позициониран во износ од 46,2 милијарди денари, односно 6,5 отсто од БДП.

Зголемување има и кај капиталните расходи за 6,5 милијарди днеари и се проектирани на ниво од 30,5 милијарди денари. Нивното учество во вкупните расходи на буџетот од иницијално планираните 9,4 проценти, се зголемува на 11,3 проценти што е повисоко ниво од просекот во последните десет години.

Со предлогот Владата предвидува кратење кај повеќе буџетски корисници и тоа по основ на помалку продуктивни трошоци и по основ на проекти кои имаат послаба динамика на реализација. Овие средства ќе бидат насочени кон ставки кои се очекува да дадат поголем процент на реализација и поголема додадена вредност на економијата.

Дефицитот е проектиран на ниво од 46,2 милијарди денари, односно 6,5 проценти од БДП. Тој, заедно со отплатите од претходните задолжувања во износ од 43,3 милијарди денари, ќе се финансира од надворешни и домашни извори.

– Во рамки на отплатите по основ на претходни задолжувања влегуваат  еврообврзницата издадена во 2014 година во износ од  500 милиони евра која доспева во јули, државните обврзници во износ од 4,68 милијарди денари и структурните обврзници во износ од 1,44 милијарди денари. Домашното задолжување во износ 23 милијарди денари, ќе се реализира преку државни хартии од вредност со истовремена отплата на државни обврзници во износ од 4,68 милијарди денари, така да нето-задолжувањето ќе изнесува 18,45 милијарди денари кои ќе бидат искористени за финансирање на потребите во тековната 2021 година како и за делумно финансирање на 2022 година. Задолжувањето во странство се реализира преку повлекување на средства од поволни кредити од странски финансиски институции наменети за финансирање на одделни проекти вкучително и заем од ММФ, втората транша од заемот од ЕУ за макро-финансиска поддршка во износ од 80 милиони евра која неодамна ни стана достапна, како и еврообврзницата која веќе ја повлековме, беше посочено на прес-конференцијата на која беше презентиран ребалансот од страна на Владата.

Новини во релабансот се новата потпрограма за зелен развој, нови инструменти како развојна обврзница и зелена обврзница кои ќе бидат наменети исклучиво за инвестиции и зелен развој. Предвидени се и двете мерки за воведување еколошка такса на горивата и намалување на ДДВ кај електричната енергија, за кои Владата денеска треба да донесе одлука, а да почнат да се применуваат од 1 јули 2021 година.

Проекцијата за раст на БДП со ребалансот останува на 4,1 процент.

буџет Македонија ребаланс Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.