Министерот за финансии Драган Тевдовски пред владиниот кабинет денеска ќе реферира за предлог-ребалансот на буџетот.
„Согласно предложениот дневен ред, Владата ќе расправа по предлогот за изменување и дополнување на Буџетот на Република Македонија за 2017 година и предлог Законот за дополнување на Законот за извршување на Буџетот на Република Македонија, а ќе ја разгледа и Информацијата за мерките коишто се однесуваат на одржливите енергетски системи кои произлегуваат од Повелбата за одржливост“, се наведува во соопштението од Владата.