Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ребаланс на буџетот во Гази Баба – 371 милиони денари за решавање на проблемите на граѓаните

0
By Biljana on August 5, 2021 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Советот на општина Гази Баба го усвои новиот ребаланс на буџетот за 2021 година. Буџетот се дополнува за нови 146 милиони денари или вкупно 371 милион денари со претходниот ребаланс.

Новите средства во буџетот се наменети за подобрување на инфраструктурата во општината. Градење на водоводни и канализациони системи, и реконструкција на улиците. Обезбедени се средства за продолжување на веќе започнатите капитални проекти за изградба на фекална канализација во Јурумлери, Смилковци, Гоце Делчев, Трубарево ,Црешево и фекалната мрежа во Попово Маало и Страчинци. Како и асфалтирање на улиците каде градежните активности се завршени.

Обезбедени се средства за реконструкција на улиците Палмиро Тољати, улицата 2 во Инџиково, Христофер Жефаровиќ, улица 22 во Синѓелиќ, улица 5 во Трубаерево, како и сервисни улици во Економија, Колонија, Виниче, Идризово, Булачани, Страчинци и Камник. Ова се само дел од улиците што согласно годишната програма се предвидени за оваа година.

Покрај средства од општината, обезбедени се дополнителни 53 милиони денари, односно вкупно 73 милиони денари за инфраструктурата во населбата Хиподром 2.

„За разлика од претходно, во овие 4 години со сите предложени ребаланси на буџетите средствата во основниот буџетот се зголемуваа, а не како во минатото да бидат кратени. Денес буџетот е во стабилна состојба, општината без проблем ги сервисира своите обврски. За разлика од пред само 4 години, кога се таложеле долгови, кој до 2017 година достигнаа 2,4 милиони евра. Преку проектот буџет за сите започнавме нова пракса за подготовка на буџетот, предлагајќи граѓански буџет, подготвен во консултација со граѓаните и членовите на Советот“, вели градоначалникот Борис Георгиевски.

Советот ги прифати петте амандмани предложени со советниците на ВМРО-ДПМНЕ за ребалансот на буџетот. Сепак, советниците на ВМРО-ДПМНЕ не гласаа за предложниот ребаланс.

буџет Гази Баба
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.