Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ребалансот е одговор на кризата, се крати по 10 отсто од расходите за мебел, возила, инвентар

0
By НОВА ТВ Balaban on May 26, 2022 ЕКОНОМИЈА
Фото: mia.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Имаме околу 200 милиони евра отплата на претходен долг, рече Бесими. 

Ребалансот е одговор на кризата која не можеше да се предвиди во перидот кога се подготвуваше Буџетот за 2022 и во него, освен кратења, има и додавања, но и реприоретизирање на средствата, рече денеска министерот за финансии Фатмир Бесими.

Одговaрајќи на новинарски прашања по заедничката прес-конференција со евроамбасадорот Дејвид Гир,  Бесими нагласи дека очекува Собранието во наредните денови да закаже пленарна седница за ребалансот.

– Со ребалансот се дава одговор на кризата. Мерките што се најавени, се гледаат. Зошто одиме со овој ребаланс и што сакаме да постигнеме – требаше да се адресираат сите потребни прашања меѓу кои и дополнителни средства за кризата за мерки за ранливите категории, кои ќе бидат привремени зависно од потребите, но и да се одржат политиките што ќе значат зачувување на растот. Бидејќи трошоците значително се зголемија и дефицитот се зголемува за 150 милиони евра. При тоа со ребалансот има и околу 13,4 милијарди денари кратења, но во исто време има и додавања, истакна Бесими.

Тој потенцира дека тоа што е ставено во Предлог – ребалансот на буџетот, се очекува и да се реализира.

Според него, како што е договорено на Влада, се крати во сите институции по 10 отсто за трошоци што се неприоритетни, односно кај расходите за стоки и услуги, како што се расходи за ситен инвентар, мебел, возила, а се врши и реприоретизација во однос на динамиката на реализација на некои проекти. Зголемувања, потенцира, има во социјалата и земјоделството, а предвидени се и 76 милиони евра за антикризни мерки.

Патните трошоци, објасни Бесими, не се однесуваат на инстутициите, туку се кај Службата за општи заеднички работи наменети за бегалци и раселени лица од кризата во Украина и Авганистан.

Министерот информира дека во наредните недели ќе има конечен документ во однос на финансирањето. -Планирано е делумно финансирање од ММФ, делумно финансирање за проектите од меѓународните финансиски институции, како и делумно од ЕУ преку ИПА програмите или Рамката за Западен Балкан. Делумно ќе се финансира со задолжување во земјата и на странските пазари. Имаме околу 200 милиони евра отплата на претходен долг, рече Бесими.

Ребалансот
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

December 12, 2025

Земјотрес од 6,7 степени ја погоди Јапонија

December 12, 2025

Тајландски борбени авиони ја нападнаа Камбоџа

December 10, 2025

Запалена колата на обвинителка што води случај за брутално претепан активист во Србија

December 10, 2025

Огромен пожар во станбена зграда во Кина – има загинати

December 10, 2025
ФОКУС

Конференција на Цивил: Хоризонти на слободата – војната во Украина, хибридната војна во Европа и глобалната борба за демократија

ВЕСТИ December 12, 2025

„Одбрана на демократијата: Хоризонти на слободата“, ЦИВИЛ – Центар за слобода со деветдневна стратешка, граѓанска…

СДСМ со нова бомба: Банкарот на Вучиќ стана банкар и на Мицкоски

December 12, 2025

Јануари по комотен за возачите – „Сејф сити“ од 1-ви февруари

December 12, 2025

СДСМ ја објави резолуцијата за мигрантите

December 11, 2025
ТИКЕР

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

December 12, 2025

Земјотрес од 6,7 степени ја погоди Јапонија

December 12, 2025

Тајландски борбени авиони ја нападнаа Камбоџа

December 10, 2025

Запалена колата на обвинителка што води случај за брутално претепан активист во Србија

December 10, 2025

Огромен пожар во станбена зграда во Кина – има загинати

December 10, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.