Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ребалансот на Буџетот со намалени приходи и зголемени расходи

0
By Zoran Ivanov on June 23, 2026 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, June 23, 2026 15:53

Вкупните расходи ќе изнесуваат 425,2 милијарди денари, или 6,9 милијарди евра, додека  вкупните приходи ќе изнесуваат 379,2 милијарди денари или 6,16 милијарди евра. Буџетскиот дефицит се ревидира на 46,1 милијарда денари (или 749,6 милијарди евра) односно на 4,1 процент од БДП.

Глобалната економска криза и мерките што ги донесе Влада се рефлектираат и врз јавните приходи и расходи, па ребаланот на Буџетот кој денеска го усвои Владата ќе биде со помали приходи од првично проектираните, но со зголемени расходи што значи и поголем буџетски дефицит. Вкупните расходи ќе изнесуваат 425,2 милијарди денари, или нешто повеќе од 6,9 милијарди евра, додека  вкупните приходи ќе изнесуваат 379,2 милијарди денари или 6,16 милијарди евра, што значи дека буџетскиот дефицит се ревидира на 46,1 милијарда денари (или 749,6 милијарди евра) односно на 4,1 процент од БДП. Сето ова под претпоставка, како што очекува Владата, годинава економскиот раст да изнесува 3,5 проценти (во првиот квартал растот на БДП беше 3,1 проценти), и при повисока инфлација од 4,5 проценти.

Она што паѓа в очи е што и покрај повисоката инфлација од првично проектираната кај основниот Буџет (од 2,5 отсто) Владата очекува помалку приходи во државната каса. Владата исто така го намали оптимизмот од почетокот на годинава дека БДП ќе порасне за 3,8 отсто, скаструвајќи ги проекциите за 0,3 проценти поени. Инаку, основниот Буџет за 2026 година, усвоен кон крајот на минатата година, предвидуваше вкупни расходи од 6,78 милијарди евра, како и вкупни приходи од околу 6 милијарди евра.

„Ребалансот на Буџетот го подготвивме во услови кога на Македонија ѝ е потребен забрзан раст и политики кои ќе гарантираат развој, затоа нашиот фокус останува реализација на капиталните инвестиции, кои ќе донесат поквалитетен живот за граѓаните“, изјави денес на прес конференција министерката за финансии Гордана Димитреска Кочоска, посочувајќи дека растот во првиот квартал бил предводен од услужниот сектор, градежништвото и земјоделството, а до крајот на годинава главен носител на растот ќе бидат инвестициите, за кои се проектира реален раст од 7,2 проценти, поттикнат од реализацијата на инфраструктурните проекти, капиталните инвестиции и проектите во општините.

Таа рече дека обврска на Владата е навреме да реагира и да ги усогласи буџетските проекции со реалните економски движења, истовремено обезбедувајќи средства за исполнување на законските обврски, поддршка на граѓаните и продолжување на инвестицискиот циклус.

Во однос на буџетските приходи таа објасни дека даночните приходи остануваат на речиси првобитно планираното ниво и се проектирани на 213,2 милијарди денари, што сепак, е намалување од околу 900 милиони денари, односно за 0,4 проценти во однос на проекциите од почетокот на годинава.

„Овие дополнителни средства ги насочуваме кон јасно дефинирани приоритети, обезбедуваме дополнителни средства за земјоделски субвенции, субвенции во железнички сообраќај, поддршка на спортот, ученичкиот и студентскиот стандард“, рече Димитриеска Кочоска.

Таа додад дека се обезбедува дополнителна поддршка и за најранливите категории граѓани, преку средства за социјални надоместоци, заштитини друштва, народни кујни и мерки за деинституционализација.

„Со ребалансот кај расходите за стоки и услуги вршиме намалување од околу 900 милиони денари преку реалокација на средствата и нивно насочување кон приоритетните потреби“, рече министерката.

Како што нагласи, особено значајно е што се обезбедуваат дополнителни средства за капитални инвестиции кои достигнуваат околу 46 милијарди денари и се зголемуваат за околу 5,8 милијарди денари, односно за 14,5 отсто во однос на иницијалниот буџет.

„За прв пат корекцијата на дефицитот е резултат пред се на повисоките капитални расходи и инвестициите во инфраструктурата, зборуваме за дефицит кој ќе финансира развој“, рече Димитриеска Кочоска.

Таа појасни дека има зголемување за 0,6 процентни поени во однос на иницијалната проекција, со што буџетскиот дефицит се ревидира на 46,1 милијарда денари односно на 4,1 процент од БДП.

„Не зборуваме за дефицит кој што финансира тековна потрошувачка, туку за дефицит кој финансира развој“, рече Димитриеска Кочоска, додавајќи дека средствата се насочени кон реализација на капитални проекти од стратешко значење, што ќе остане принцип на работа на оваа влада.

Таа додаде дека во патната инфраструктура продолжува реализацијата на Коридорот 8 и коридорот 10 – Д, автопатот Скопје – Блаце, како и подобрување на локалната патна инфраструктура.

Во железничката инфраструктура продолжува изградбата на источниот дел од железничкиот Коридор 8, делницата Бељаковце – Крива Паланка, како и проектот за заеднички железнички гранични премини и железничка станица Табановце.

Не зборуваме за дефицит кој што финансира тековна потрошувачка, туку за дефицит кој финансира развој, вели Димитриеска Кочоска

Во областа на животната средина и комуналната инфраструктура ќе се инвестира во изградба на водоводни и канализациски системи, пречистителни станици во повеќе општини, регионални системи за управување со отпад, изградба на центрани и локални капацитети за управување на отпад и продолжување на пречистителната станица за отпадни води во Скопје.

Во енергетиката го продолжува проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор, во образованието, за детската заштита обезбедени се средства за изградба и реконструкција на основни и средни училишта, детски градинки, училишта и спортски сали, рекоснтрукција на студентски и ученички домови и инвестиции во универзитетска и спортска инфраструктура.

Во земјоделството продолжуваат инвестициите за рурален развој, изградба и рехабилитација на системи за наводнување, модернизација на земјоделството, изградба на откупно дистрибутивни центри и инвестиции за подобрување на конкурентноста на земјоделските стопанства.

буџет ребаланс
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026
shortcut
ФОКУС
June 22, 2026

Британскиот премиер поднесе оставка и ја зачини со емотивен говор

ВЕСТИ June 22, 2026

Британскиот премиер Кир Стармер поднесе оставка. Тој даде изјава во која рече дека влегувањето на…

Прва рунда преговори меѓу САД и Иран – напнато

June 22, 2026

Трамп до Иран: Ако го затворите Ормундскииот премин нема да имате држава

June 21, 2026

Висока иранска делегација отпатува во Швајцарија на преговори со САД

June 20, 2026
ТИКЕР

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.