Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Речиси половина од семејствата со три деца во Македонија живеат во сиромаштија

0
By Соња Крамарска on May 6, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, May 6, 2022 14:25

Државниот завод за статистика, врз основа на податоците од Анкетата за приходите и условите за живеење, која се спроведува во согласност со препораките на Европската Унија, ги пресмета индикаторите за сиромаштија за 2020 година. Според податоците, во 2020 година, стапката на сиромашни лица во Македонија изнесувала 21.8 отсто. Анализирано по типови домаќинства, стапката на сиромаштијата на домаќинствата составени од двајца возрасни со две издржувани деца во 2020 година е 20.7 отсто.

Од табелите што ги приложи Државниот завод за статистика може да се види дека речиси половина од семејствата во Македонија со три деца живеат во сиромаштија, односно стапката на сиромаштија во 2018 година кај оваа категорија изнесувала 50.2 отсто, во 2019 била 44.7 а во 2020 45.6 отсто.

Според податоците, пак, надвор од зоната на сиромаштија се самците над 65 годишна возраст, при што мажите самци на пример повеќе страдаат од сиромаштија за разлика од жените самици, кај мажите просечната стапка на сиромаштија во трите последователни години е околу 10 отсто а кај жените 7 отсто.

Од сиромаштија во Македонија најмногу страдаат самохрани родители, стапката на сиромаштија кај нив во 2018 изнесувала 33.8 во 2019 42.6 и во 2020 41.6 отсто.

Она што е карактеристично за владите во Македонија се социјалните трансфери што ги извршуваат за различни поводи, најчесто во предизборен период или во време на економска криза и неодамнешната криза со пандемијата. Од податоците може да се види дека социјалните трансфери се покажале како мошне ефикасни затоа што со нивна помош сиромаштијата кај целната категорија луѓе е преполовена односно се намалила за околу 50 отсто. Пред социјалните трансфери стапката на сиромаштија кај ранливата категорија луѓе била околу 40 отсто за анализираните 2018, 2019 и 2020 година, а по социјалните трансфери таа паѓа на околу 21 отсто. (С.К.)

Државен завод за статистика сиромаштија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.